208
| Македонски
1 619 P11 591 | (19.9.13)
Bosch Power Tools
резот.
Инаку, плочата може да се заглави, да излета од
делот што се обработува или да предизвика повратен
удар.
Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за брусење со
брусна хартија
Не користете предимензионирани брусни листови,
туку следете ги податоците на производителот за
големината на брусниот лист.
Брусните листови, кои
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на брусните
листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки
Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината.
Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки.
Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок.
Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат.
Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Копче за блокирање на вретеното
2
Прекинувач за вклучување/исклучување
3
Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
4
Вретено за брусење
5
Заштитна хауба за брусење
6
Шраф за фиксирање на заштитната хауба
7
Приклучна прирабница со O-прстен
8
Брусна плоча*
9
Стезна навртка
10
Клуч со два отвори за затезната навртка*
11
Брзозатезна навртка
*
12
Лончеста плоча од цврст метал*
13
Заштитна хауба за сечење*
14
Брусна плоча за сечење*
15
Заштитна хауба за брусниот лонец*
16
Брусен лонец*
17
Свиткан клуч со два отвори за брусниот лонец*
18
Заштита за дланките*
OBJ_BUCH-1797-003.book Page 208 Thursday, September 19, 2013 2:38 PM