Македонски |
213
Bosch Power Tools
1 619 P11 591 | (19.9.13)
делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до
електричен удар.
Напомена:
Доколку не го употребувате апаратот,
извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Дури
и кога е исклучен електричниот апарат има мала
потрошувачка на струја-доколку струјниот приклучок е
вклучен и доколку има струја.
Грубо брусење
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
13.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете
во агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
Електричниот апарат
секогаш мора да се
води во спротивен
правец на движење.
Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано
да се
истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е
да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска
брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за вшмукување за сечење со
лизгачки водилки
24
вшмукувачот на прав мора да биде
дозволен за вшмукување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
Вклучете го
електричниот апарат и
поставете го со
предниот дел на
лизгачките водилки на
делот што се
обработува.
Поместувајте го
електричниот апарат
со умерено движење
по материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора неопходно да се придржувате до овие прописи.
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни
раководители за да се советувате.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја-(FI-).
При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
OBJ_BUCH-1797-003.book Page 213 Thursday, September 19, 2013 2:38 PM