Македонски |
145
Bosch Power Tools
F 016 L81 728 | (9.8.17)
Згаснете го уредот кога го
пренесувате до и од местото на
работа.
Вклучете го тримерот само ако
Вашите нозе и раце се доволно
оддалечени од сечилото.
Предупредување – не допирајте
го сечилото додека се врти.
Не приближувајте ги нозете и
рацете до вртечките елементи на
сечилото.
Никогаш не употребувајте метални
елементи за сечилото на овој
тример.
Редовно проверувајте го и
одржувајте го тримерот.
Тримерот носете го на поправка
само во овластен сервис.
Секогаш проверувајте отворите за
воздух да не се затнати од
искосените отпадоци.
Заштитете се од повреди
користејќи нож за конецот да го
исечете на потребната должина.
Тримерот секогаш поставете го со
сечилото е во хоризонтална
положба пред да го вклучите.
Згаснете ја машината и извадете го
кабелот од утикачот:
– секогаш кога уредот го оставате
без надзор на извесно време
– за замена на макарата
– ако кабелот е заглавен,
– за чистење или поправка
По завршувањето на работата
извадете го кабелот од утикач и
проверете ја машината за можни
оштетувања.
Чувајте го уредот на безбедно, суво
место вон дофат на деца. Не
ставајте други предмети на уредот.
Поради безбедносни причини,
веднаш заменете ги истрошените
или оштетените делови.
Секогаш користете Bosch
оригинални резервни делови.
Никогаш не користете го уредот
ако на него не се монтирани
придружните делови.
Безбедност од електричен удар
Згаснете го уредот и исклучете го
од напојување пред да го
притиснете копчето за рачно
полнење (види ја сликата 9).
Оваа функција треба да се
користи само при заглавување на
конецот за сечење.
Внимание! Извадете го напојниот
кабел од утикач пред да ја
прегледувате или чистете
машината. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и
не му е потребно заземјување.
Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz
(за зеји вон ЕУ 220 V или 240 V).
Користете само одобрени
продолжни кабли. За подетални
информации, обратете се во
овластениот сервисен центар.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
OBJ_BUCH-2058-004.book Page 145 Wednesday, August 9, 2017 11:28 AM