144
| Македонски
F 016 L81 728 | (9.8.17)
Bosch Power Tools
Ракување
Никогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени со
овие инструкции да ја користат
косачката. Локалните прописи
можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте ја косачката вон
дофат на деца кога не ја
употребувате.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Никогаш не употребувајте го
уредот во близина на лица, а
посебно деца и животни.
Не употребувајте го тримерот со
оштетени или истрошени
штитници, или ако штитниците не се
монтирани.
Пред употреба проверете го
напојниот и, доколку постои,
продолжниот кабел за знаци на
оштетување или стареење. Ако
кабелот е оштетен за време на
употребата, извадете го од утикач.
НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД
ДА ГО ИЗВАДИТЕ ОД УТИКАЧ. Не
употребувајте го тримерот ако
кабелот е оштетен или скинат.
Пред употреба и после удар
проверете дали е уредот оштетен
или изабен и спроведете ги
евентуалните потребни поправки.
Не употребувајте го уредот ако сте
болни или под влијание на алкохол,
дрога или лекови.
Носете долги пантолони од крут
материјал, цврсти чевли и
ракавици. Не носете лабава
облека, накит, куси пантолони, и
сандали и не работете боси. Ако
имате долга коса, врзете ја над
рамената, за да спречите нејзино
заплеткување во подвижните
делови на уредот.
Кога уредот е во употреба носете
заштитни очила и слушалки.
Стојте стабилно и секогаш
одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
Никогаш не користете го тримерот
кога во близина има други лица, а
особено деца или животни.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Почекајте ротирачките елементи
на уредот потполно да застанат
пред да ги допрете. Сечилото
продолжува да ротира и откако
моторот на уредот ќе згасне и може
да предизвика повреда.
Работете само при дневна светлина
или при добро осветлување.
Не работете со тримерот при лоши
временски услови, а посебно при
грмотевици.
Употребата на тримерот на влажна
трева ја намалува неговата
ефикасност.
OBJ_BUCH-2058-004.book Page 144 Wednesday, August 9, 2017 11:28 AM