214
| Македонски
F 016 L81 133 | (6.11.14)
Bosch Power Tools
Анти-блок механизам
Ако сечилото дојде во допир со тврд материјал,
оптоварувањето на моторот се зголемува. Интелигентна
микро електроника го евидентира оптоварувањето и
неколку пати ја менува насоката на вртење на моторот.
Тоа може да се слушне и трае 3 секунди.
Откако ќе го пресече тврдиот материјал, машината
продолжува да работи нормално, или сечилото застанува
(на пример во случај метален предмет да ја блокирал
машината).
Вметнување и отстранување на батеријата
Батеријата има два степени на заклучување кои се
предвидени за заштита од случајно притискање и паѓање
на батеријата . Во тек на работата на уредот, батеријата на
своето место е прицврстена со пружина.
Напомена:
Уредот работи само кога се заклучени двете
брави.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Батеријата е опремена со индикатор кој го прикажува
нивото на наполнетост на батеријата. Индикаторот на
наполнетост се состои од три зелени лед диоди.
Притиснете го копчето , за да го активирате индикаторот
на наполнетост . По околу 5 секунди индикаторот се гасне
сам.
Нивото на наполнетост може да се провери и по вадење на
батеријата.
Кога не свети ниедна диода по притиснувањето на копчето
батеријата е расипана и треба да се замени.
Поради безбедносни причини, нивото на наполнетост на
батеријата може да се проверува само кога косачката е во
мирување.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни
целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
гасат.
Приказ за контрола на температурата
Црвениот лед сигнал сигнализира дека батеријата или
електрониката на косачката (со ставена батерија) не се на
оптимална температура. Во овој случај косачката не
работи или нема да работи со полн капацитет.
Индикатор за контрола на температурата
Црвеното LED светло трепка при притискање на копчето
или на прекинувачот за вклучување/исклучување (при
ставена батерија): Батеријата е надвор од границите на
работна температура.
На температура преку 70 °C батеријата се гасне се додека
повторно не се постигне оптималната температура.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на
дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата
изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Отстранување грешки
LED-приказ
Капацитет на
батеријата
Постојано светење на 3 зелени
лед сигнали
≥ 2/3
Постојано светење на 2 зелени
лед сигнали
≥ 1/3
Постојано светење на 1 зелени
лед сигнали
≤ 1/3
Трепкање на 1 зелен лед сигнал Резерва
Проблем
Можна причина
Решение
Косачката не работи
Празна батерија
Наполнете ја батеријата, исто така
погледнете во «Забелешки за
полнење»
Батеријата не е правилно вметната
Проверете да се заклучени двете брави
OBJ_BUCH-948-005.book Page 214 Thursday, November 6, 2014 1:10 PM