![Bosch AdvancedRecip 18 Original Instructions Manual Download Page 149](http://html.mh-extra.com/html/bosch/advancedrecip-18/advancedrecip-18_original-instructions-manual_49213149.webp)
Македонски |
149
батеријата е над дозволениот опсег на работна
температура.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
u
При ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици.
Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
u
При менувањето на сечилата за пила внимавајте на
тоа, на прифатот за сечило за пила да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со
1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да
биде подолго отколку што е потребно за предвидениот
рез.
Дебелината на држачот на сечилото за пила мора да
изнесува 0,8–1,6 mm.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Свртете ја чаурата за блокирање
(4)
во правец на
стрелките на часовникот додека запците не стојат
вертикално нагоре на чаурата за блокирање и држете ја
истата цврсто. Вметнете го сечилото за пила
(1)
во
прифатот за сечило за пила. Свртете ја чаурата за
блокирање во правец спротивен на стрелките на
часовникот за да го блокирате сечилото за пила.
u
Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото
за пилата.
Лабаво поставеното сечило за пила може
да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила
(1)
може да се
сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да
се стави.
Вадење на сечилото за пила
u
Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го
да се олади.
Доколку го допрете жешкото сечило на
пила, постои опасност од повреда.
Свртете ја чаурата за блокирање
(4)
во правец на
стрелките на часовникот додека запците не стојат
вертикално нагоре на чаурата за блокирање и држете ја
истата цврсто. Извадете го сечилото за пила
(1)
. Свртете
ја чаурата за блокирање во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена:
Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија
(8)
во подножјето на
електричниот алат, додека не слушнете дека е вклопена и
заклучена.
Вклучување/исклучување
За
вклучување
на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување
(7)
. Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(6)
и држете
го притиснат.
За
исклучување
на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(6)
.
Напомена:
Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување
(6)
нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување
(6)
.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување
(6)
се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Bosch Power Tools
1 609 92A 667 | (17.11.2020)