![Bosch AdvancedRecip 18 Original Instructions Manual Download Page 147](http://html.mh-extra.com/html/bosch/advancedrecip-18/advancedrecip-18_original-instructions-manual_49213147.webp)
Македонски |
147
u
При сечење внимавајте на тоа, основната плоча
секогаш да лежи на делот што се обработува.
Листот за пилата може да се блокира и да доведе до
губење контрола над електричниот алат.
u
По завршувањето на работењето исклучете го
електричниот алат и извадете го листот за пила од
исечокот дури тогаш кога тој ќе застане.
На тој
начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно
да го оставите електричниот алат.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
u
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила.
Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
u
Не го блокирајте листот за пилата по
исклучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да
предизвика повратен удар.
u
Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте
делот што се обработува со рака или со нога. Не
допирајте предмети или под со пила што работи.
Постои опасност од повратен удар.
u
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на
бучава може да влијае на губењето на
слухот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење на дрво,
пластика, метал и градежни материјали со фиксирано
запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Со
користење на соодветни биметални сечила за пила,
возможни се и кратки резови. Треба да внимавате на
препораките за сечила за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Сечило за пила
(2)
Основна плоча
(3)
Прифат на сечило за пила
(4)
Чаура за блокирање на листот на пилата
(5)
Приказ за наполнетост на батеријата
(6)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(7)
Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(8)
Батерија
A)
(9)
Рачка (изолирана површина на дршката)
(10)
Копче за отклучување на батеријата
A)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Сабјеста пила
AdvancedRecip 18
Број на дел
3 603 CB2 4..
Контрола на бројот на
работни одови
●
Номинален напон
V=
18
Број на работни одови во
празно n
0
min
−1
0–3100
Прифат на алатот
SDS
Bosch Power Tools
1 609 92A 667 | (17.11.2020)