Македонски |
131
Промена на алат (види слика A)
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата за заклучување
(2)
нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот
за алат
(1)
и повторно олабавете ја чаурата за
заклучување
(2)
за да го блокирате алатот за
вметнување.
– Користете само битови за одвртувач со топчест
затворач
(8)
(DIN 3126-E6.3). Другите битови за
одвртувачот
(9)
може да ги ставите со помош на
универзален држач за битови со топчест затворач
(10)
.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата за заклучување
(2)
нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат
(1)
и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување
и
Затегнување
(ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Прекинувачот за менување на правецот на вртење
(5)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија
(4)
вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење
(5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување
(6)
е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно:
За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење
(5)
на лево до крај.
Вртење во лево:
За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење
(5)
на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За
ставање во употреба
на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(6)
и држете го притиснат.
За да го
исклучите
електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(6)
.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување
(6)
.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување
(6)
се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
u
Електричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен.
Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој
период, затезниот вртежен момент се зголемува
минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
– Подмачканост на завртките
Bosch Power Tools
1 609 92A 4XB | (17.11.2020)
Summary of Contents for AdvancedImpactDrive 18
Page 3: ... 3 2 1 6 5 4 7 3 AdvancedImpactDrive 18 Bosch Power Tools 1 609 92A 4XB 17 11 2020 ...
Page 4: ...4 B A 5 1 8 10 9 5 2 1 609 92A 4XB 17 11 2020 Bosch Power Tools ...
Page 171: ... 171 1 4 6 35 mm Bosch Power Tools 1 609 92A 4XB 17 11 2020 ...
Page 172: ...172 1 609 92A 4XB 17 11 2020 Bosch Power Tools ...