Инсталација (само за овластени изведувачи)
Tronic 1000 T | Tronic 2000 T – 6721831855 (2021/03)
222
ВНИМАНИЕ
Ризик од материјална штета!
Ризик од непоправливо оштетување на апаратот.
▶ Вадете го апаратот од амбалажата само кога е доставено
до локацијата за инсталација.
▶ Ракувајте со апаратот внимателно.
▶ Секогаш кога е применливо, инсталацијата на апаратот
и/или електричните додатоци мора да го исполнува
стандардот IEC 60364-7-701.
ВНИМАНИЕ
Ризик од материјална штета!
Ризик од оштетување на грејните елементи.
▶ Прво поврзете ја водата и наполнете го апаратот.
▶ Потоа приклучете го апаратот во штекер за кој сте
сигурни дека е заземјен.
Квалитет на водата
Уредот се користи за греење на вода за домаќинства
согласно со релевантните регулативи. Се препорачува
користење на систем за третман на вода во области со
голема тврдост на водата. За да се минимизира ризикот од
калцификација во хидрауличното коло, параметрите на
водата за пиење мора да бидат во следниве граници.
Таб. 5
Услови за водата за пиење
5.2
Избор на место за инсталација
ВНИМАНИЕ
Ризик од оштетување на апаратот!
Ризик од оштетување на внатрешноста и надворешноста на
апаратот.
▶ Изберете ѕид доволно силен безбедно да го држи
апаратот кога резервоарот е полн.
Место на инсталација
▶ Усогласете се со применливите стандарди.
▶ Инсталирајте го апаратот само на локации каде собната
температура не паѓа под 0 °C.
▶ Не инсталирајте го апаратот на локации со надморска
височина над 3000 m.
▶ Ако апаратот е инсталиран на локација каде што собната
температура е над 35 °C, осигурете се дека има
соодветна вентилација.
▶ Инсталирајте го апаратот близу до најкористената
чешма за топла вода со цел да се намали загубата на
топлина и времето на чекање.
▶ Инсталирајте го апаратот на место што дозволува
вадење на магнезиумската анода за да може да се
изведува редовно одржување.
Заштитна зона 1
▶ Не инсталирајте во заштитната зона 1.
▶ Инсталирајте го апаратот надвор од заштитната зона.
ВНИМАНИЕ
Ризик од струен удар!
▶ Поврзете го апаратот со главното напојување
(електрична разводна табла) користејќи електричен
кабел со жица за заземјување.
Сл. 9
Заштитна зона
5.3
Монтирање на резервоарот за топла вода
за домаќинства
HAПOMEHA
Ризик од материјална штета!
▶ Користете завртки и држачи со спецификации над
тежината на апаратот кога резервоарот е полн, кои се
соодветни за типот на ѕидот на кој се монтира апаратот.
Услови за водата за
пиење
Единици
Тврдост на водата, мин. ppm
grain/gallon (САД)
°dH
120
7,2
6,7
pH, мин. - макс.
6,5 - 9,5
Спроводливост, мин. -
макс.
μS/cm
130 - 1500
60 cm
60 cm
225 cm
0010031715-001