A) е видлив. Во тој случај на ланецот не треба
да му се дозволи да се движи (сл. 7B).
Упатство:
Рачката на кочницата треба да „легне“
во двете позиции. Доколку забележите посилен
отпор или рачката не може да се помести, не ја
употребувајте пилата. Донесете ја на поправка во
овластената служба за клиенти.
5.5 Гориво и масло
Гориво
За оптимални резултати употребувајте нормално,
безоловно гориво, помешано со специјално
двотактно масло.
Мешавина на горивото
Помешајте го горивото со двотактно масло во
соодветен сад. Протресете го садот за да дојде до
соодветно мешање.
Внимание:
За оваа пила никогаш не
употребувајте чист бензин. На тој начин се
оштетува моторот и го губите правото на
гаранција за овој производ. Не употребувајте
мешавина на гориво што стоела подолго од 90
дена.
Внимание:
Мора да се употребува специјално
двотактно масло за двотактни мотори со
воздушно ладење, со однос на мешање од 40:1.
Не употребувајте двотактно масло со однос на
мешање од 100:1. Недоволните масла го
оштетуваат моторот и во тој случај го губите
правото на гаранција за моторот.
Препорачани горива
Некои бензини во оптек се мешани со мешавини
како алкохолни или етерни соединенија, за да ги
исполнат нормите за чисти издувни гасови.
Моторот работи задоволително со сите видови на
бензин заради самопогон, а исто така и со
бензини збогатени со кислород.
Најдобро употребувајте безоловен нормален
бензин.
Масла за ланец и управувачка шина
Секогаш кога се полни резервоарот за бензин,
мора да биде дополнет и резервоарот за масло за
ланецот. За таа цел се препорачува да се
употребува масло за ланци што може да се најде
во продажба.
Контроли пред вклучување на моторот
Внимание:
Никогаш не вклучувајте ја пилата
ниту работете со неа, доколку шината и ланецот
не се исправно монтирани.
1.
Наполнете го резервоарот за гориво (A) со
вистинската мешавина на гориво (сл. 8).
2.
Наполнете го резервоарот за масло (B) со
масло за ланецот (сл. 8).
3.
Уверете се дека кочницата за ланецот (C) е
одглавена пред вклучувањето на моторот (сл.
8).
По полнењето на резервоарот за ланецот и за
масло прицврстете ги капачињата од
резервоарите со рака. За ова не
употребувајте алат.
6. Употреба
Пред употреба проверете го апаратот по однос на
евентуални штети и не го употребувајте доколку
има оштетувања. Апаратот смее да се стартува
само со вклучена кочница на ланецот. Кочницата
на ланецот е вклучена кога рачката за кочење е
притисната кон напред и механизмот (сл. 7B/поз.
A) е видлив.
6.1 Вклучување на моторот
1.
За вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување / исклучување (A) во позиција
“Вкл (I)“ (сл. 9A).
2.
Извлекувајте ја Choke-рачката (B) (сл. 9B)
додека да легне.
3.
Притиснете го копчето (C) на пумпата за
бензин 10 пати (сл. 9c).
4.
Положете ја пилата на цврста и рамна
подлога. Држете ја пилата со нога цврсто,
како што е прикажано. Повлечете го
стартерот брзо двапати. Внимавајте на
ланецот што се движи! (сл. 9D).
5.
Втурнете ја внатре Choke-рачката (B) до
аншлаг (сл. 9B).
6.
Држете ја пилата цврсто и повлечете го
стартерот брзо четирипати. Моторот треба да
стартува (сл. 9D).
7.
Дозволете моторот да загрее во период од 10
секунди. Потоа притиснете ја кратко рачката
90
MK
Мешавина на бензин и масло 40:1 Само масло
Anleitung_BPC_1235_1_SPK7__ 18.01.16 08:17 Seite 90