![AEG MBS 30 Turbo Original Instructions Manual Download Page 141](http://html.mh-extra.com/html/aeg/mbs-30-turbo/mbs-30-turbo_original-instructions-manual_14473141.webp)
135
Mak
Македонски
СПЕЦИјАлНИ НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА
уПОТРЕБА СО ДИјАМАНТНА РАЗДЕлНА ПлОЧА
Безбедносни напомени за машина за делење
употребете го електро-орудието само со заштитниот
поклопец кој е дел од пратката. Заштитниот поклопец
мора да биде уредно нанесен на електро-орудието и да
биде подесен така што ќе се постигне највисока мерка
на безбедност односно најмалиот дел од разделната
плоча да покажува отворено према лицето кое што го
опслужува.
Заштитниот поклопец треба да го заштити лицето
кое што ракува со ова од парчиња кои што би се скршиле и од
случаен контакт со разделната плоча.
употребувајте само дијамантски дискови за сечење
за вашиот електро-алат.
Безбедната употреба не е
загарантирана само доколку можете да го прицврстите
додатокот на вашиот електро-алат.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора
да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите
на вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу,
може да се скриша и да излета.
Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример:
никогаш не брусење со страничната површина од диск за
делење.
Дисковите за делење се наменети за отстранување на
материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз
овие тела за брусење може да ги скрши истите.
Секогаш употребувајте исклучиво неоштетени фланшови
за затегнување во исправната вечичина за разделната
плоча која што е избрана од Вас.
Соодветните фланшови ја
потпираат разделната плоча и со тоа ја намалуваат опасноста од
кршење на разделните плочи.
Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати.
Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на
вашиот електро-алат.
Приборите со несоодветна димензија не
можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
Разделни плочи, фланшови или други делови од
опремата мора да одговаат точно на вретеното за
брусење на Вашето електро-орудие.
Орудија за примена кои
што не одговараат точно на вретеното за брусење на електро-
орудието, нерамномерно се вртат, многу силно вибрираат и
можат да доведат до губење на контролата.
Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба
извршете контрола, како на пример на дисковите за
брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата
за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема
искористеност, на четките со жици по однос на лабави
или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот
паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете
неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и
го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот
прибор и оставете го приборот да работи една минута со
максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор најчесто се
крши во овој тест-период.
Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата,
користете целосна визуелна заштита, заштита за
очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прашина, заштита за ушите,
заштитни ракавици или специјална престилка, со која се
заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од
материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела
што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја
филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку
сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да
предизвика губење на слухот.
Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита.
Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои алатот за сечење
можат да дојдат во контакт со скриени жици или
сопствениот гајтан.
Контакт со жица под напон исто така ќе
направи проводници од металните делови и оној кој ракува со
алатот ќе доживее струен удар.
Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од
прибор што се врти.
Доколку ја изгубите контролата над
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се
исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да
бидат повлечени во приборот што се врти.
Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување.
Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто
се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над
електро-алатот.
Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите.
Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во
вашето тело.
Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат.
Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат.
Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење.
Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
425_201_MBS30turbo_3-1.indd 135
17.06.13 09:12
Summary of Contents for MBS 30 Turbo
Page 2: ......
Page 4: ......
Page 6: ......
Page 7: ...1 I 2 3 4 1 3 2 1 lock ...
Page 8: ...2 3 I 1 4 2 1 4 lock ø 20 0 mm ø 22 2 mm EN 847 1 ...
Page 9: ...3 2 x I ø 20 0 mm ø 20 0 mm ø 22 2 mm ...
Page 10: ...4 II 1 3 Start 2 Stop ...
Page 11: ...5 III 45 28 mm 32 mm 0 1 45 28 mm 32 mm 0 ...
Page 14: ...8 2 V 3 1 30 25 20 15 10 0 5 0 32 mm 1 2 ...
Page 16: ...10 VI 3 1 2 ...
Page 17: ...11 VII Ident Nr 4932 3525 58 90 45 45 45 90 90 1 3 2 ...
Page 18: ...12 x cm x cm 4 VII ...
Page 19: ...13 2 1 3 aufnahme aufschrauben click 1 2 3 V ...
Page 20: ...14 aufnahme aufschrauben TIP 0 45 VI 2 3 Stop 1 Start ...
Page 21: ...15 aufnahme aufschrauben 0 0 1 VI TIP 2 1 ...
Page 22: ...16 VI TIP aufnahme aufschrauben 4 3 ...
Page 23: ...17 VI TIP 6 aufnahme aufschrauben 5 Stop ...