92
Mak
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш
да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно
додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би
можело да дојде до повратен удар со висок момент на
реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето
на употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за
безбедност.
Можни причини за тоа може да бидат следните:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• кршење на материјалот што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од
GBS систем. Не користете батерии од друг систем.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа сабјаста пила сече дрво пластика и метал. Може да сече
прави линии, кривини и внатречни отсечоци. Сече цевки и
може да сече паралелно со површината.
Монтажа и приклучување на напојување
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба. Температура повисока од 50оС
(122оФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте
подолго изложување на батериите на високи температури
или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење
на батерија (ризик од краток спој).
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да
не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до
Вашето шпедитерско претпријатие.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од
приказот за полнење сè додека батеријата не се излади. По
гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со
работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и
да е зафат врз машината.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.Не дозволувајте какви и да се
метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик
од куршлус!
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
Македонски
Summary of Contents for BUS18BL
Page 5: ...2 I 1 2 1 2 ...
Page 6: ...3 I 78 100 33 54 55 77 10 32 10 ...
Page 7: ...4 II 1 2 MAX 3 ...
Page 8: ...5 PUSH III 1 3 2 A 2 B PUSH ...
Page 9: ...6 IV 1 2 TEST 1 2 ...
Page 10: ...7 IV ...
Page 11: ...8 V OFF ON OFF ON OFF ON ...
Page 14: ...11 VI Start Stop ...
Page 15: ...12 VII 1 2 3 OFF ON OFF ON OFF ON ...
Page 16: ...13 VIII 1 2 3 OFF ON OFF ...
Page 17: ...14 IX 1 2 ...
Page 87: ...84 ...