![Vivax PH-1500D B Скачать руководство пользователя страница 31](http://html.mh-extra.com/html/vivax/ph-1500d-b/ph-1500d-b_user-manual_1038202031.webp)
VIVAX
MK
6
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Далечината на уредот од лесно
запаливи предмети како што е завесата, дрвените
предмети мораат да бидат на минимално растојание од
100 cm.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Опасност од електричен удар!
Неправилно заземјување може да предизвика
електричен удар.
Ако греалката се користи во бања, тогаш таа мора да се
постави на ѕид и мора да биде на место каде што не
може да допре до кадата или туш кабината.
Немојте да го приклучувате уредот на неправилен
штекер или на штекер кој е неправилно заземјен.
Овој уред мора да биде заземјен. Во случај на
електричен краток спој, заземјувањето го намалува
ризикот од електричен удар.
Овој уред е опремен со кабел за напојување кој има
жица и штекер за заземјување. Приклучокот мора да
биде приклучен во штекер кој е правилно поставен и
заземјен. Посоветувајте се со квалифициран електричар
или сервисер ако упатствата за заземјување не ви се
доволно јасни или ако постои сомнеж дека апаратот не
е правилно заземјен.
Пред приклучување на уред во напојување 220-240V,
50Hz, проверете го напонот во вашето домаќинство и
типот на приклучокот дали одговараат со наведените
спецификации на уредот. Ако имате било каков сомнеж,
обратете се кај овластен електричар.
Пред прво користење
1. Отстранете ги сите пакувања од уредот.
2. Водете сметка дека амбалажата и вреќата мораат да
се чуваат подалеку од мали деца. Немојте да
дозволите децата да си играат со амбалажата
бидејќи постои ризик од гушење и повреда.
Препорачуваме да го исчистите куќиштето на уредот,
горниот дел од грејната плоча и печката, како што е
опишано во делот за “Чистење и одржување”.
Содержание PH-1500D B
Страница 62: ...VIVAX ...
Страница 80: ...www VIVAX com ...