37
MK
ОДРЖУВАЊЕ И ГРИЖА ЗА ФРИЖИДЕРОТ
Чистење на целокупниот уред
Одмрзнување
При одмрзнување и чистење, исклучете го фрижидерот од струја.
• За да го подобрите ефектот на ладење и заштеда на енергија, редовно чистете ја прашината зад
фрижидерот и на подлогата. За да избегнете создавање непријатна миризба, редовно чистете
ја внатрешноста на фрижидерот. За чистење се препорачуваат мека крпа или сунѓер натопени
во вода со некорозивен неутрален детергент. На крајот на постапката, фрижидерот треба да
се исчисти со чиста вода и сува крпа. Пред да го приклучите на струја, отворете ја вратата на
уредот, како природно би се исушил.
• Не употребувајте тврди четки, жици за чистење, жичени четки, абразивни средства како паста
за заби, органски растворувачи (како алкохол, ацетон, масло од банана итн.), зовриена вода,
кисели или алкални средства при чистење на фрижидерот со оглед дека наведените средства
може да ги оштетат површината и внатрешноста на фрижидерот.
• Не плакнете со вода како не би ги оштетиле материјалите кои нудат електрична изолација.
• Исклучете го кабелот за напојување од струја.
• Извадете ја храната од фрижидерот и складирајте ја на соодветен начин како би спречиле
нејзино расипување, а потоа подгответе го садот за вода во кој ќе се собира водата настаната
при одмрзнувањето.
• Се препорачува водата настаната при одмрзнувањето да се впие од површинскиот слој со сува
крпа, која потоа ќе ја исцедите. Повторувајте ја постапката сѐ додека процесот на одмрзнување
не заврши.
• За да го елиминирате ледот, може да ја искористите собната температура за природно
одмрзнување, а може да користите и лопатка за лед (употребувајте пластична или дрвена
лопатка за лед како би спречиле оштетување на површинскиот слој).
• Исто така, може да употребите и соодветна количина на врела вода за да го забрзате процесот
на одмрзнување, во комбинација со сува крпа со која ќе ја соберете водата по одмрзнувањето.
• Вратете ја целата храна во уредот и повторно вклучете го во струја.
Прекин на работењето
• Прекин на струја: Доколку дојде до прекин на струјата, дури и во летен период, храната во
рамки на уредот може да се држи и до неколку часа; во текот на прекин на струјата, треба да
се намали бројот на отворања на вратата и не треба да се става дополнителна свежа храна во
уредот.
• Долго некористење: Уредот треба да се исклучи од струја, а потоа да се исчисти; вратата треба
да се остави отворена како би се спречило создавање на непријатна миризба.
• Преместување: Пред преместување на фрижидерот, извадете ги сите предмети од неговата
внатрешност, прицврстете ги стаклените полици, садовите за зеленчук, фиоките на комората за
замрзнување итн. со селотејп и затегнете ги ногарките за нивелирање; вратата затворете ја и
прицврстете ја со селотејп. Во текот на преместувањето, уредот не го поставувајте во превртена
или хоризонтална позиција и не го тресете; степенот на наклон на уредот при преместување не
смее да биде поголем од 45°. При преместувањето, не го придржувајте уредот за вратата или за
шарките.
Штом го вклучите, уредот ќе работи непрекинато. Генерално, не го прекинувајте
работењето на уредот; во спротивно, може да дојде до намалување на работниот век на
производот.
Содержание RS1300M1
Страница 2: ......
Страница 30: ...30 MK EN 8 IEC...
Страница 31: ...31 MK...
Страница 32: ...32 MK Upozorenja u vezi sa odlaganjem 1 2 3 4...
Страница 33: ...33 MK 30 cm 10 cm a b c N V...
Страница 34: ...34 MK 1 2 5 16 3...
Страница 35: ...35 MK 4 LED 2 3 4...
Страница 36: ...36 MK 1 6 OFF...
Страница 37: ...37 MK 45...
Страница 38: ...38 MK...
Страница 39: ...39 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1...
Страница 67: ......
Страница 68: ...tesla info...