32
MK
Upozorenja u vezi sa odlaganjem
Средството за ладење и пенливото средство циклопентан , кои се употребуваат во
фрижидерот, се запаливи. Затоа, при одложување на фрижидерот, држете го подалеку
од извори на пламен и, наместо да го одложите со согорување, предајте го на некоја
специјализирана компанија со соодветни квалификации која ќе овозможи негова повторна
употреба, бидејќи на тој начин ќе спречите штетни ефекти по животната средина или други
опасности.
При одложување на фрижидерот, демонтирајте ја вратата и отстранете ја заптивката
од вратата, како и полиците; вратата и полиците ставете ги на соодветно место како би
спречиле затворање на деца во рамки на уредот.
Правилно одложување на овој производ:
Оваа ознака укажува дека производот не треба да се одложува заедно со
останатиот отпад од домаќинството. Како би спречиле потенцијални штети
по животната средина и здравјето на луѓето настанати со неконтролирано
одложување на отпадот, одговорно рециклирајте го со што би ја промовирале
одржливата повторна употреба на материјалните ресурси. Ве молиме својот
половен уред да го вратите по пат на системот за враќање и собирање на отпад
или да ја контактирате продавницата во која сте го купиле производот. Со тоа,
производот може да се рециклира на начин кој е безбеден по животната средина.
Предупредувања во врска со содржината во уредот
• За да спречите оштетување на производот или појава на пожар, во фрижидерот не ставајте
запаливи, експлозивни и испарливи средства, ниту предмети кои кородираат.
• За да избегнете појава на пожар, не ставајте запаливи предмети во близина на уредот.
• Фрижидерот е наменет за употреба во домаќинството, како што е чувањето на храна; не смее
да се користи во никакви други цели, како што се складирање на крв, лекови или биолошки
производи итн.
1. Уредот за ладење можеби нема да работи воедначено (можност за одмрзнување на
содржината или преголем раст на температурите во преградата за замрзната храна) доколку
во текот на подолг временски период се држи на температури кои се пониски од најниските
вредности на температурен опсег за кои е направен уредот.
2. Не треба да се надмине периодот за чување кој е препорачан од страна на производителот за
кој било тип на храна.
3. Неопходно е да се применат мерки на претпазливост за спречување на преголемо загревање
на замрзнатата храна при одмрзнување на уредот, од типот на завиткување на замрзнатата
храна во неколку слоеви хартија.
4. Клучевите кои се користат за вратата или поклопките со брави и клучеви, треба да се држат
подалеку од дофат на деца, а не во близина на уредот, како би се спречило заклучување на
деца во уредот.
Предупредувања во врска со потрошувачката на
енергија
Содержание RS1300M1
Страница 2: ......
Страница 30: ...30 MK EN 8 IEC...
Страница 31: ...31 MK...
Страница 32: ...32 MK Upozorenja u vezi sa odlaganjem 1 2 3 4...
Страница 33: ...33 MK 30 cm 10 cm a b c N V...
Страница 34: ...34 MK 1 2 5 16 3...
Страница 35: ...35 MK 4 LED 2 3 4...
Страница 36: ...36 MK 1 6 OFF...
Страница 37: ...37 MK 45...
Страница 38: ...38 MK...
Страница 39: ...39 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1...
Страница 67: ......
Страница 68: ...tesla info...