46
MK
1. Уредите за разладување може да не работат воедначено (потенцијално топење на содржината
или превисока температура во комората за замрзната храна), доколку во тек на подолги
временски периоди се поставени на вредности пониски од температурните опсези, за кои
дадениот разладен уред е предвиден.
2. Не треба да ги чувате газираните пијалаци во комората или преградата за замрзнување на
храна или во коморите или преградите на фрижидерот, во кои температурата е ниска, а
одредени производи, како коски мраз, не треба се конзумираат, доколку се премногу ладни;
3. Неопходно е да се поведе сметка, при чување на храна во комората или преградите на
фрижидерот за замрзнување на храна, да не помине рокот на траење препорачан од страна
на производителот, за кој било вид на храна, а особено за комерцијална, брзо замрзната
храна;
4. Потребно е да се преземат неопходни мерки со цел, при топење на разладниот уред, да се
спречи непотребниот раст на температурата на замрзната храна, како виткање на замрзнатата
храна во неколку слоеви хартија од весник.
5. Растот на температурата на замрзнатата храна во текот на рачно топење, одржување или
чистење може да го скрати рокот на траење на производите.
Предупредувања во врска со економичноста
Предупредувања во врска со одложување
Разладното средство и пенливото средство циклопетан, што се употребуваат во фрижидерот,
се запаливи. Според тоа, при одложување, фрижидерот треба да го чувате подалеку од секој
извор на пламен, а наместо одложување со согорување, потребно е рекуперацијата да ја
изврши специјализирана компанија за рекуперација, со соодветни квалификации, со што се
спречува појава на штети по животната средина или други опасности.
При одложување на фрижидерот, демонтирајте ја вратата и извадете ја заптивката за врата,
како и полиците; ставете ја вратата и полиците на соодветно место, за да спречите затворање
на децата во внатрешноста на уредот.
Правилно одложување на овој производ:
Оваа ознака укажува дека овој производ во ЕУ не треба да се одложува заедно со
останатиот отпад од домаќинства. За да спречите потенцијална штета по животната
средина или здравјето на луѓето настаната со неконтролирано одложување на отпад,
одговорно рециклирајте го за да промовирате одржлива повторна употреба на
материјалните ресурси. Ве молиме да го вратите вашиот половен уред преку системот
за враќање и собирање на отпад или да го контактирате малопродажниот објект
во кој сте го купиле производот. Со ова производот може да се рециклира на начин
безбеден по животната средина.
Предупредувања во врска со чување на содржината во
уредот
• Немојте во фрижидерот да ставате запаливи, експлозивни, испарливи и исклучително
корозивни материи, за да спречите оштетување на производот или случајна појава на пожар.
• За да избегнете појава на пожар, не ставајте запаливи материи близу фрижидерот.
• Овој фрижидер е наменет за употреба во домаќинство, на пр. за чување на храна и не смее да се
употребува за ниту една друга намена, како чување на крв, лекови или биолошки производи, итн.
• Немојте во комората за замрзнување на овој фрижидер да чувате пиво, пијалаци или други
течности во боци или затворени садови; во спротивно, може да дојде до пукање на на
наведените боци или затворени садови по замрзнувањето, што може да доведе до појава на
оштетување.
• Во текот на работата на фрижидерот, не земајте со влажни раце храна или садови, особено
оние направени од метал, што се наоѓаат во комората за замрзнување, за да избегнете појава на
смрзнатини
• Не дозволувајте им на децата да влегуваат во фрижидерот, ниту да се качуваат на него. Во
спротивно, може да дојде до појава на задушување или повреди настанати по паѓање кај децата.
• Не ставајте тешки предмети на фрижидерот, бидејќи таквите предмети при затворањето или
отворањето на вратата може да паднат, што може да резултира со случајна повреда.
• Во случај на снемување на струја или при чистење, извадете ја приклучницата од штекерот.
Немојте да го поврзувате замрзнувачот на напојување во период од пет минути, за да спречите
оштетување на компресорот настанато со последователнo вклучување на уредот.
Содержание RI2700M1
Страница 44: ...44 MK EN 8 3 8...
Страница 45: ...45 MK 48 5 1 2 3 s 4 1 2 3 4...
Страница 46: ...46 MK 1 2 3 4 5 o...
Страница 47: ...47 MK Ivica gornjeg razdjelnika...
Страница 48: ...48 MK a a araf araf...
Страница 49: ...49 MK 5 16 1 2...
Страница 50: ...50 MK 3 4 5 180 6 R R 1 R 3 2 F...
Страница 51: ...51 MK 7 8 9 180 F F 3 2 F 1...
Страница 52: ...52 MK 10 LED 2 3 4...
Страница 53: ...53 MK LED 3 5...
Страница 54: ...54 MK u...
Страница 56: ...56 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1 10 C 32 C 16 C 32 C 16 C 38 C 16 C 43 C...
Страница 57: ...57 MK 7 7 7 7 7 7 7 7 10...
Страница 100: ...tesla info...