25
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
ТОПЕЊЕ ПУТЕР
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак.
Загревајте 30-40 секунди со јачина од 750 W, додека путерот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО
Ставете100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад. Загревајте 3-5 минути,
со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или
двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!
ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W, додека медот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода.
Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад.
Загревајте 1 минута со јачина од 300 W. Промешајте после топењето.
ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.
Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со
јачина од 750 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте
двапати додека готвите.
ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен
огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро. Гответе
покриено околу 10-12 минути со јачина од 750 W. Промешајте неколку пати
додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак. Затворете по 5
минути.
ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на
производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен
сад со капак. Гответе покриено околу 6½ to 7½ минути со јачина од 750 W.
Промешајте добро неколку пати додека готвите.
ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна
големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½
минути со јачина од 600 W. Оставете да отстојат 2-3 минути во печката.
Употребете ракавици при вадењето!
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги
понудените решенија.
Ова е нормално.
•
Кондензација во внатрешноста на печката.
• Струење на воздух околу вратата и надворешноста.
• Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.
• Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето за
ВРЕМЕ
.
•
Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена.
•
Дали правилно сте го поставиле времето?
• Дали вратата е затворена?
• Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на
осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена.
•
Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот
тип на храна?
• Дали сте избрале соодветна јачина?
Светилката не работи.
•
Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради
безбедносни причини. Ве молиме обратете се во најблискиот
овластен центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте
квалификуван инженер да ја замени светилката.
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично
празнење).
•
Дали сте користеле сад со метални делови?
• Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на
печката?
• Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?
GW711K-B_BOL_DE68-03895E-01_MK.indd 25
2013-05-15 �� 12:33:04
Содержание GW711K
Страница 27: ...27 БЪЛГАРСКИ ЗАБЕЛЕЖКА ЗАБЕЛЕЖКА GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_BG indd 27 2013 05 15 12 32 03 ...
Страница 55: ...27 МАКЕДОНСКИ ЗАБЕЛЕШКА ЗАБЕЛЕШКА GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_MK indd 27 2013 05 15 12 33 04 ...
Страница 83: ...27 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_SR indd 27 2013 05 15 12 34 01 ...
Страница 111: ...27 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_RO indd 27 2013 05 15 12 33 26 ...
Страница 139: ...27 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_SQ indd 27 2013 05 15 12 33 45 ...
Страница 167: ...27 HRVATSKI NAPOMENA NAPOMENA GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_HR indd 27 2013 05 15 12 32 43 ...
Страница 195: ...27 ENGLISH NOTE NOTE GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_EN indd 27 2013 05 15 12 32 22 ...