Забелешка: кога индикаторите за наполнетост трепкаат жолто,
батеријата е слаба и треба да се наполни (преостануваат
помалку од 3 користења).
Подготовка за користење
1
Порамнете ја млазницата и притиснете ја на рачката („клик“)
(Сл. 5).
Забелешка: Ве советуваме да го поставите врвот свртен кон
предната страна на рачката како што е прикажано на сликата,
но млазницата може да се постави на рачката на која било
страна без да влијае на функцијата. Може да ги испробате и
двете опции и да ја користите она што најмногу ви одговара
за вашата рутина на орална нега.
Забелешка: заменувајте ја млазницата на секои 6 месеци за
оптимални резултати. Исто така, заменете ја ако стане лабава
или веќе не „кликнува“ во рачката.
Забелешка: AirFloss Ultra поддржува само млазници на AirFloss
Ultra. Не обидувајте се да користите млазници што не се на
AirFloss Ultra за рачката на AirFloss Ultra.
2
Отворете го капакот на резервоарот („клик“) (Сл. 6).
3
Наполнете го резервоарот со средство за плакнење на устата
или со вода. (Сл. 7)
Совет: за најдобар резултат и искуство на свежина, ве
советуваме да користите средство за плакнење на устата со
AirFloss Ultra.
Забелешка: не користете средство за плакнење на устата што
содржи изопропил миристат (на пр. Dentyl Active) или високи
концентрации на есенцијални масла, бидејќи може да го
оштетат уредот. Тука спаѓаат сите средства за плакнење на
устата што се продаваат во стаклено или керамичко
пакување.
4
Затворете го капакот на резервоарот притискајќи го („клик“)
(Сл. 8).
5
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го
вклучите уредот. (Сл. 10)
Индикаторот за наполнетост свети зелено.
140
Македонски
Содержание HX8274
Страница 1: ...Philips Sonicare AirFloss ...
Страница 2: ......
Страница 3: ...2 3 4 5 6 8 9 1 7 1 ...
Страница 4: ......
Страница 81: ... Normalnego zużycia w tym odprysków zarysowań otarć odbarwień ani wyblakłych kolorów 81 Polski ...
Страница 153: ...2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 ...
Страница 154: ...26 27 ...
Страница 155: ......