Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред
да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина.
Опасност
- Подножјето, кабелот за напојување или приклучокот
немојте никогаш да ги потопувате во вода или некоја
друга течност.
- Непридржувањето до упатствата за отстранување
бигор може да предизвика непоправлива штета.
- Немојте никогаш да го расклопувате подножјето за да
избегнете ризик од струен удар.
Предупредување
- Овој апарат може да го користат лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или лица
со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под
надзор или да добиле упатства за безбедно користење
на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Овој апарат не смеат да го користат деца. Апаратот и
кабелот чувајте ги подалеку од дофат на деца.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот
наведен на апаратот одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
- Не го користете апаратот ако е оштетен приклучокот,
кабелот за напојување или самиот апарат.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба
да го замени компанијата Philips, односно сервисен
центар овластен од Philips или лица со соодветни
квалификации за да се избегне опасност.
- Електричниот парен стерилизатор не содржи делови
што може да се сервисираат. Немојте да се обидувате
сами да го отворите, сервисирате или поправате
електричниот парен стерилизатор.
189
Македонски