85
МАКЕДОНСКИ
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се ракува на начин што
предизвикува повлекување нетипично висока
струја, алатот автоматски се исклучува и
ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски ќе запре и ламбичката за главно
напојување трепка црвено. Во овој случај, оставете
ги алатот и батеријата да се оладат пред повторно
да го вклучите алатот.
НАПОМЕНА:
Во средина со висока температура,
веројатно е дека заштитата од прегревање ќе
работи и дека алатот автоматски ќе запре.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
алатот автоматски ќе запре и ламбичката за главно
напојување трепка црвено. Во овој случај, извадете
ја батеријата од алатот и наполнете ја.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за
други причини што може да го оштетат алатот и
овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога алатот е доведен до привремено запирање или
престанување на работата.
1. Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2. Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3. Оставете ги машината и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако алатот сопре поради
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да го вклучите алатот, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. Ламбичката
за главно напојување светнува зелено. За
исклучување, повторно притиснете го прекинувачот
за главно напојување.
►
Сл.5:
1.
Ламбичка за главно напојување
2.
Прекинувач за главно напојување
НАПОМЕНА:
Ламбичката за главно напојување
трепка зелено доколку прекинувачот за
стартување се повлече во неоперативни услови.
Ламбичката трепка под еден од следниве услови.
•
Кога ќе го вклучите прекинувачот за главно
напојување додека ја држите рачката за
одблокирање и прекинувачот за стартување.
•
Кога ќе го повлечете прекинувачот
за стартување додека се применува
сопирачката на синџирот.
•
Кога ќе ја ослободите сопирачката на
синџирот додека ја држите рачката за
одблокирање и го повлекувате прекинувачот
за стартување.
НАПОМЕНА:
Овој алат има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи кога
прекинувачот за стартување не се повлекува
определено време по вклучување на прекинувачот
за главно напојување.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За ваша безбедност,
овој алат е опремен со рачка за блокирање
која спречува алатот да се вклучи ненамерно.
НИКОГАШ не користете го алатот ако работи
кога едноставно ќе го повлечете прекинувачот
без притискање на рачката за блокирање.
Вратете го алатот во нашиот овластен
сервисен центар за соодветна поправка ПРЕД
натамошна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ немојте
да ја залепувате или да ја оневозможувате
функцијата на рачката за блокирање.
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
ЗАБЕЛЕШКА:
Немојте силно да го
повлекувате прекинувачот без да ја притиснете
рачката за блокирање. Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот за стартување, вградена е рачка
за одблокирање. За да го стартувате алатот,
притиснете ја рачката за одблокирање и повлечете
го прекинувачот за стартување. Брзината на
алатот се зголемува со зголемување на притисокот
врз прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
►
Сл.6:
1.
Прекинувач за стартување
2.
Рачка за
блокирање
Содержание UC016G
Страница 2: ...2 Fig 1 1 2 3 4 5 6 11 13 15 12 9 14 16 7 8 10 Fig 2 ...
Страница 3: ...3 1 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 1 2 Fig 5 1 2 Fig 6 2 3 1 2 3 1 Fig 7 1 Fig 8 ...
Страница 4: ...4 1 Fig 9 1 2 Fig 10 1 Fig 11 1 Fig 12 2 1 Fig 13 2 1 3 Fig 14 1 2 Fig 15 ...
Страница 5: ...5 1 Fig 16 1 Fig 17 1 2 Fig 18 1 Fig 19 1 2 Fig 20 2 3 1 Fig 21 1 2 Fig 22 ...
Страница 6: ...6 1 2 3 Fig 23 1 2 Fig 24 Fig 25 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 ...
Страница 8: ...8 30 30 55 55 Fig 38 1 2 Fig 39 30 1 5 1 Fig 40 Fig 41 Fig 42 Fig 43 1 2 Fig 44 1 2 Fig 45 ...
Страница 9: ...9 1 2 Fig 46 ...