170
МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на батеријата.
Овој систем автоматски го прекинува напојувањето на
моторот за да го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето ако алатот
и/или батеријата се најдат под еден од следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што предизвикува тој да
повлекува ненормално висока електрична енергија.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и запрете со
примената која предизвикала негово преоптоварување.
Потоа, повторно вклучете го алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана. Во
оваа ситуација, оставете ја батеријата да се излади
пред повторно да го вклучите алатот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал и
алатот не може да работи. Ако го вклучите алатот,
моторот работи уште малку, но набрзо запира. Во
оваа ситуација, извадете ја и наполнете ја батеријата.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
ВНИМАНИЕ:
При носење на алатот,
исклучете го прекинувачот за главно
напојување.
Во спротивно, ненамерното
повлекување на прекинувачот за стартување може
да предизвика повреда.
►
Сл.3:
1.
Прекинувач за главно напојување
За да го вклучите алатот, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. За да
го исклучите алатот, повторно притиснете го
прекинувачот за главно напојување.
НАПОМЕНА:
Овој алат има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи кога
прекинувачот за стартување не се повлекува
определено време по вклучување на прекинувачот
за главно напојување.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да ја
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF“ кога ќе се
отпушти.
►
Сл.4:
1.
Прекинувач
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
Манометар
►
Сл.5:
1.
Копче за единици
2.
Копче минус
3.
Копче плус
Ако предметот што треба да се пумпа е поврзан со
алатот, притисокот за воздух на предметот се прикажува
на манометарот кога ќе го вклучите алатот. Ако ништо не
е поврзано на алатот, манометарот прикажува „0“.
Може да го поставите притисокот на воздух на манометарот.
За да ја промените единицата, притиснете го копчето за
единици. За да ја зголемите вредноста на притисокот,
притиснете го копчето плус. За да ја намалите вредноста
на притисокот, притиснете го копчето минус. Може да ја
поставите вредноста на притисокот помеѓу 20 kPa и 830 kPa.
Вклучување на предната ламба
►
Сл.6:
1.
Ламба
2.
Прекинувач за главно напојување
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Кога ќе го вклучите алатот со притискање на прекинувачот
за главно напојување, ламбичката се вклучува. Кога ќе го
исклучите алатот со притискање на прекинувачот за главно
напојување, ламбичката се исклучува.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога алатот е прегреан,
ламбата трепка. Целосно оладете го алатот
пред повторно да работите со него.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Складирање на адаптерот
►
Сл.7:
1.
Игла за спортски топки
2.
Адаптер за
преста-вентил
3.
Држач на адаптерот
Адаптерите може да се чуваат во држачот за адаптери на
алатот. Вметнете ја иглата за спортска топка во адаптерот за
преста-вентилот пред да ги прикачите на држачот за адаптери.
Складирање на цревото
►
Сл.8:
1.
Држач за црево
2.
Црево
Цревото може да се прикачи на држачот за црево на алатот.
РАБОТЕЊЕ
Користење на адаптерот за
англискиот вентил
1.
Отворете ја стегата на главата за воздух.
2.
Вметнете го адаптерот за англискиот вентил во
главата за воздух.
3.
Затворете ја цврсто стегата на главата за воздух.
►
Сл.9:
1.
Адаптер за англиски вентил
2.
Глава за воздух
3.
Стега на глава за воздух
4.
Тело на вентилот
4.
Прикачете го адаптерот за англискиот вентил
на телото на вентилот додека го отворате адаптерот
за англиски вентил.