169
МАКЕДОНСКИ
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10.
Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте
ги отворените контакти, а батеријата спакувајте
ја, така што нема да се движи слободно во
пакувањето.
11.
Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
12.
Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita.
Монтирањето батерии на неусогласените
производи може да резултира со пожар,
прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинални
батерии на Makita.
Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување
максимален работен век на
батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
►
Сл.1:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата, порамнете го
јазичето на касетата со жлебот во куќиштето и лизнете
го во место. Вметнете ја до крај додека не се блокира во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако можете
да го видите црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи ви
повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате касетата
за батеријата на сила.
Ако касетата не може да се
лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.2:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%