20 МАКЕДОНСКИ
Вреќа за прав
►
Сл.4:
1.
Грло за прав
2.
Вреќа за прав
Прикачете ја вреќата за прав на грлото за прав.
Грлото за прав е стеснето. Кога ја прикачувате
вреќата за прав, притиснете ја цврсто на грлото за
прав колку што оди подалеку за да не излезе во
текот на работењето.
За најдобри резултати, испразнете ја вреќата за
прав кога ќе се наполни до половина, потчукнувајќи
ја нежно за да се отстрани колку може повеќе прав.
РАБОТЕЊЕ
Шмирглање
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не пуштајте го алатот
без абразивната хартија.
Може сериозно да се
оштети подлогата.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не форсирајте
го алатот.
Претераниот притисок може да ја
намали ефикасноста за брусењето, да ја оштети
абразивната хартија и/или да го скрати животниот
век на алатот.
►
Сл.5
Цврсто држете го алатот. Вклучете го алатот и
почекајте додека не достигне целосна брзина.
Потоа нежно ставете го алатот на површината на
материјалот. Шмирглата за доработка обично се
користи за отстранување само мало количество
материјал. Бидејќи е поважен квалитетот на
површината од количеството на отстранет
материјал, не притискајте го алатот. Основата нека
биде израмнета со материјалот во секое време.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, проверките и замената на
јаглеродните четки, како и сите други одржувања
и дотерувања треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita или во фабрички
сервисни центри, секогаш со резервни делови од
Makita.