MK
Makita LDX1
D
GB
F
I
E
P
NL
DK
S
N
FIN
J
CN
RC
ROK
PL
HR
H
RUS
CZ
GR
LT
LV
EST
SLO
SK
M
TR
Упатства за работа
Чување
Aлкални батерии
Доколку опремата треба да биде складирана подолго време,
извадете ги алкалните батерии од производот за да се
избегне опасност од протекување.
Чистење и сушење
Производ и прибор
• Исчистете ја прашината од оптичките делови.
• Никогаш не допирајте го стаклото со прсти.
• За чистење користете само чиста, мека крпа која не
содржи лен. Ако е потребно, крпата навлажнете ја со вода
или чист алкохол.
Сигурносни упатства
Лицето кое е одговорно за инструментот, мора да се погрижи
сите корисници да ги разберат овие упатства и да се
придржуваат кон нив.
Подрачја на одговорност
Oдговорнисти на производителот:
Производителот е одговорен да го набави производот во
комплетно безбедна состојба, вклучително Прирачникот за
корисници.
Производителот не е одговорен за опремата од трети
страни.
Одговорности на лицето кое е одговорно за инструментот:
Лицето кое е одговорно за инструментот, ги има следните
обврски:
• Да ги разбере безбедносните упатства во врска со
производот и упатствата во прирачникот за корисници.
• Да биде запознаено со локалните безбедносни прописи во
врска со спречувањето несреќи.
Емисија на бучава
ВНИМАНИЕ
Нивото на звучен притисок од класа A изнесува > 80 db(A) на
растојание од еден метар.
Ласерскиот приемник не држете го директно на вашето
уво!
Опасности при користењето
ВНИМАНИЕ
Искористените батерии не смеат да се фрлаат
заедно со сметот од домаќинството. Водете грижа за
околината и фрлајте ги на собирните пунктови
коишто се предвидени според националните или
локалните прописи.
Производот не смее да се фрла заедно со смет од
домаќинство.
Производот фрлајте го соодветно, во склад со националните
прописи коишто важат во Вашата земја. Секогаш спречувајте
им го пристапот до производот на неовластените лица.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ласерскиот приемник не смее да се користи во близина на
пејсмејкер поради вградените магнети кои може да влијаат
врз функционирањето на пејсмејкерот.
Eлектромагнетска компатибилност (EMК)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уредот е во согласност со најстрогите барања на
релевантните стандарди и прописи. Сепак, не може сосема
да се исклучи можноста од предизвикување пречки во
другите уреди.
Содержание LDX1
Страница 77: ......