74
МАКЕДОНСКИ
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога правите повеќе пресеци,
исклучувајте ја моторната пила меѓу
пресеците.
ВНИМАНИЕ:
Ако горниот раб на шипката
се користи за сечење, моторната пила може
да се придвижи кон вас доколку се заглави
синџирот. Заради тоа, сечете со долниот раб за
да се придвижи пилата во обратен правец од
вашето тело.
►
Сл.25
Кога сечете дрво под тензија, прво почнете од
притиснатата страна (А). Потоа последниот пресек
направете го од страната под тензија (B). Така нема
да се заглави шипката.
►
Сл.26
Кастрење
ВНИМАНИЕ:
Кастрењето може да го прават
само обучени лица.
Постои ризик од повратен
удар.
При кастрење, потпрете ја моторната пила на трупот
ако е можно. Не сечете со врвот на шипката, бидејќи
тоа може да биде ризик од повратен удар.
Посветете особено внимание на гранките под
тензија. Не сечете одоздола гранки што не се
потпрени.
Не стојте на отсечениот трупец при кастрење.
Длабење и сечење во правец на
структурата на дрвото
ВНИМАНИЕ:
Длабењето и сечењето треба
да го изведуваат само лица што се посебно
обучени за тоа.
Можноста да има повратен удар
претставува ризик од повреда.
Кога сечете во правец на структурата, сечете
под што е можно потап агол. Бидете особено
внимателни при извршување на сечењето, бидејќи
не може да се користи назабениот браник.
►
Сл.27
Отсекување
ВНИМАНИЕ:
Отсекувањето може да го
прават само обучени лица.
Тоа е опасна работа.
Почитувајте ги локалните регулативи ако сакате да
отсечете дрво.
►
Сл.28:
1.
Област на отсекување
— Пред да почнете со отсекување, проверете
дали:
•
само лица вклучени во операцијата на
отсекување се во близина;
•
вклучените лица имаат непречен пат за
повлекување кој е околу 45° од двете
страни на оската на отсечокот. Имајте
го предвид дополнителниот ризик од
спрепнување од електрични кабли;
•
на основата на трупецот да нема туѓи
тела, корења и гранки;
•
да нема лица или објекти на растојание
од 2 1/2 должини на дрвото во правецот
во кој ќе падне дрвото.
— За секое дрво имајте го предвид следново:
•
правецот на наклонување;
•
откачени или суви гранки;
•
висината на дрвото;
•
природната издаденост;
•
дали дрвото е скапано или не.
— Размислете за брзината и за правецот на
ветрот. Не отсекувајте ако има силен налет на
ветар.
— Поткастрување израстоци на корења: почнете
од најголемите израстоци. Прво направете
вертикален пресек, потоа, хоризонтален.
— Стојте настрана од дрво што паѓа. Површината
зад дрвото што паѓа нека биде чиста до агол од
45° на двете страни од оската на дрвото (види
ја сликата „област на отсекување“). Внимавајте
на гранките што паѓаат.
— Треба да се испланира и да исчисти соодветна
патека за бегање, пред да се почне со
сечењето. Патеката треба да се шири назад и
дијагонално зад очекуваната линија на паѓање,
како што е илустрирано на сликата.
►
Сл.29:
1.
Правец на отсекување
2.
Зона на
опасност
3.
Рута за бегање
Кога отсекувате дрва, следете ги долунаведените
постапки:
1.
Пресечете го спојот што е можно поблиску
до земјата. Прво направете хоризонтален пресек
1/5 - 1/3 од дијаметарот на трупецот. Не правете го
спојот премногу голем. Потоа направете дијагонален
пресек.
►
Сл.30
НАПОМЕНА:
Спојот го одредува правецот во
кој ќе падне дрвото и го насочува. Се прави на
страната на која треба да падне дрвото.
2.
Задниот дел нека биде повисок од основниот
пресек на спојот. Задниот пресек мора да биде
хоризонтален. Оставете околу 1/10 од дијаметарот
на трупецот помеѓу задниот пресек и спојката.
Дрвените влакна во непресечениот дел на трупецот
имаат улога на ограда. Навремено ставете клинови
во задниот пресек.
►
Сл.31
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не пресекувајте
право низ влакната во ниеден случај.
Инаку
дрвото ќе падне непроверено.
ЗАБЕЛЕШКА:
Може да се користат само
пластични или алуминиумски клинови за да
остане отворен задниот пресек. Забрането е да
се користат челични клинови.
Содержание DUC353
Страница 2: ...Fig 1 2 1 17 3 4 5 6 11 13 15 12 18 7 8 10 16 9 14 Fig 2 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 5 1 Fig 6 2 1 Fig 7 2 3 1 2 3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 11 1 2 Fig 12 1 Fig 13 1 Fig 14 2 1 3 Fig 15 2 1 Fig 16 1 2 Fig 17 2 3 1 Fig 18 4 ...
Страница 5: ...2 1 Fig 19 1 2 Fig 20 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 A B A B Fig 26 5 ...
Страница 7: ...1 2 Fig 35 30 1 5 1 Fig 36 Fig 37 Fig 38 Fig 39 2 1 Fig 40 1 2 Fig 41 1 2 Fig 42 7 ...