75
МАКЕДОНСКИ
Носење на алатот
Пред да го носите алатот, употребете ја сопирачката
за синџирот и извадете ја касетата за батеријата од
алатот. Потоа поставете го капакот на насочувачката
шипка. Исто така, покријте ја касетата за батерија со
капакот на батеријата.
►
Сл.32:
1.
Капак на насочувачката шипка
2.
Капак
на батеријата
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете ракавици кога
проверувате или одржувате.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Острење на синџирот на пилата
Острете го синџирот на пилата кога:
•
се прават брашнести струготини кога се сече
мокро дрво;
•
синџирот ќе навлезе во дрвото со тешкотии,
дури и кога ќе се примени голем притисок;
•
очигледно е оштетен работ за сечење;
•
пилата влече или кон лево или кон десно во
дрвото. (предизвикано од нерамномерното
острење на синџирот на пилата или
оштетување само на едната страна)
Острете го синџирот на пилата често, но секогаш
само малку. Обично, доволни се две или три
движења со турпијата за рутинско повторно
острење. Откако неколкупати одново сте го
изостриле синџирот на пилата, однесете ја на
острење во нашиот овластен сервисен центар.
Критериуми за острење:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Преголемото
растојание помеѓу работ за сечење и мерачот
на длабочината ја зголемува опасноста од
повратен удар.
►
Сл.33:
1.
Должина на забецот за сечење
2.
Растојание помеѓу работ за сечење и
мерачот на длабочината
3.
Минимална
должина на забецот за сечење (3 мм)
— Должините на сите запци за сечење мора да се
подеднакви. Различните должини на запците
за сечење спречуваат синџирот да се движи
мазно и може да предизвикаат кинење на
синџирот на пилата.
— Не острете го синџирот кога должината забецот
за сечење достигнала 3 мм или помалку.
Синџирот треба да се замени со нов.
— Оддалеченоста помеѓу мерачот за
длабочината (заоблен врв) и работ за сечење
ја определува дебелината на парчето.
— Најдобри резултати со сечењето се
постигнуваат кога растојанието меѓу работ за
сечење и мерачот за длабочина е следново.
•
Сечило на синџирот 90PX: 0,65 мм
(0,025″)
•
Сечило на синџирот 91PX: 0,65 мм
(0,025″)
►
Сл.34
— Аголот на острење од 30° мора да биде ист на
сите уреди за сечење. Ако аглите на запците за
сечење се различни, синџирот се движи грубо и
нерамномерно, има повеќе абење и може да се
скине.
— Користете соодветна кружна турпија, така што
ќе се одржува правилниот агол на острење во
однос на запците.
•
Сечило на синџирот 90PX: 55°
•
Сечило на синџирот 91PX: 55°
Турпија и насочување на турпијата
— Користете специјална кружна турпија
(опционален додаток) за синџири на пили за
острење на синџирот. Обичните кружни турпии
не се соодветни.
— Дијаметарот на кружната турпија за секој
синџир на пила е следниот:
•
Сечило на синџирот 90PX: 4,5 мм (3/16″)
•
Сечило на синџирот 91PX: 4,0 мм (5/32″)
— Турпијата треба да го зафати материјалот
само во работниот од со движење нанапред.
Кренете ја турпијата од материјалот при
движењето наназад.
— Прво изострете го најкраткиот забец. Потоа,
должината на најкраткиот забец за сечење
станува репер за сите други запци за сечење
на синџирот на пилата.
— Водете ја турпијата како што е прикажано на
сликата.
►
Сл.35:
1.
Турпија
2.
Синџир на пилата
— Турпијата може да се води полесно ако има
држач за турпијата (додаток по избор). Држачот
за турпијата има ознаки за правилниот агол
на острење од 30° (распоредете ги ознаките
паралелно на синџирот на пилата) и ја
ограничува длабочината на пенетрацијата (до
4/5 од дијаметарот на турпијата).
►
Сл.36:
1.
Држач за турпија
— По острењето на синџирот, проверете ја
висината на мерачот на длабочина со алатот
за мерење на синџирот (додаток по избор).
►
Сл.37
— Отстранете ги сите материјали што се
испакнати, независно колку се малечки, со
посебна плоската турпија (додаток по избор).
— Повторно заоблете го предниот дел на мерачот
на длабочината.
Содержание DUC353
Страница 2: ...Fig 1 2 1 17 3 4 5 6 11 13 15 12 18 7 8 10 16 9 14 Fig 2 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 5 1 Fig 6 2 1 Fig 7 2 3 1 2 3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 11 1 2 Fig 12 1 Fig 13 1 Fig 14 2 1 3 Fig 15 2 1 Fig 16 1 2 Fig 17 2 3 1 Fig 18 4 ...
Страница 5: ...2 1 Fig 19 1 2 Fig 20 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 A B A B Fig 26 5 ...
Страница 7: ...1 2 Fig 35 30 1 5 1 Fig 36 Fig 37 Fig 38 Fig 39 2 1 Fig 40 1 2 Fig 41 1 2 Fig 42 7 ...