59
МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да извршите каква било
работа на машината, секогаш проверувајте
дали таа е исклучена и дали касетата за
батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред да работите со машината,
проверете дали е целосно склопена.
Во
спротивно, машината нема да работи.
Склопување за дување
Монтирање или вадење на цевката
на дувалката и распрскувачот
1.
Прикачете ја цевката на дувалката на главната
единица.
Вметнете ја цевката на дувалката во главната
единица со завртката свртена налево како што
е покажано на сликата. Свртете ја цевката на
дувалката како што е прикажано на сликата така
што завртката ќе се порамни со отворот на главната
единица, а потоа цврсто затегнете ја завртката со
имбус-клуч.
►
Сл.1:
1.
Завртка
2.
Цевка на дувалката
2.
Порамнете го испакнатиот дел на цевката на
дувалката со жлебот на цевката на адаптерот, потоа
прикачете ја цевката на адаптерот на цевката на
дувалката и свртете ја цевката на адаптерот за да се
заглави.
►
Сл.2:
1.
Цевка на адаптерот
2.
Цевка на
дувалката
За да ги извадите цевката на дувалката и цевката на
адаптерот, извршете ја постапката за монтирање по
обратен редослед.
НАПОМЕНА:
Должината на распрскувачот може
да се менува со движење на распрскувачот како
што е прикажано на сликата.
►
Сл.3:
1.
Цевка на адаптерот
2.
Цевка на
дувалката
Монтирање или вадење на
рамниот или продолжениот
распрскувач
Опционален додаток
Прикачете го рамниот или продолжениот
распрскувач на цевката на адаптерот, а потоа
свртете ја за да се заглави.
►
Сл.4:
1.
Рамен распрскувач
2.
Продолжен
распрскувач
3.
Цевка на адаптерот
Исто така, може да ги прикачите рамниот или
продолжениот распрскувач на цевката на дувалката.
►
Сл.5:
1.
Рамен распрскувач
2.
Продолжен
распрскувач
3.
Цевка на дувалката
За да ги извадите рамниот или продолжениот
распрскувач, извршете ја постапката за монтирање
по обратен редослед.
Монтирање на распрскувачот на олук
Опционален додаток
Распрскувачот на олук може да се монтира на дувалката.
Цевката на адаптерот дизајнирана ексклузивно за овој
модел е потребна за монтирање на распрскувачот на олук.
За повеќе детали, погледнете го упатството за
употреба на распрскувачот на олук.
Прикачување на прерамката
ВНИМАНИЕ:
Прикачете ги цврсто куките од
прерамката на машината.
Доколку куките се прикачени
нецелосно, може да се откачат и да предизвикаат повреда.
ВНИМАНИЕ:
Задолжително користете ја
прерамката наменете за овој алат.
Користењето
на друга прерамка може да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога ја користите машината
во комбинација со тип на напојување од ранец
како што е пренослив пакет за напојување,
не користете го ременот за рамо вклучен во
пакувањето на машината, туку користете го
висечкиот појас препорачан од Makita.
Ако ставате прерамка вклучена во пакувањето на
машината и ремен за рамо со тип на напојување
од ранец во исто време, вадењето на машината
или типот на напојување од ранец е тешко при итен
случај и може да предизвика несреќа или повреда.
За препорачаниот висечки појас, прашајте го
овластениот сервисен центар на Makita.
Прикачете ги куките од прерамката на машината
како што е прикажано на сликата.
►
Сл.6:
1.
Кука
Прерамката се карактеризира со механизам за брзо
ослободување. Едноставно, стиснете ги страните на
токата за да ја ослободите машината од прерамката.
►
Сл.7:
1.
Тока
►
Сл.8:
1.
Тока
Склопување за смукање
ВНИМАНИЕ:
Кога вршите смукање,
секогаш закачувајте го распрскувачот за
смукалката на цевката за смукање.
ВНИМАНИЕ:
За безбедно работење,
распрскувачот на смукалката не може да се
извади од цевката за смукање откако ќе се
склопат. Не вадете го со сила распрскувачот
на смукалката по склопувањето. Во спротивно,
тие може да се оштетат.
Монтирање или вадење на цевката
за смукање и распрскувачот
Опционален прибор
1.
Порамнете го триаголниот знак на
распрскувачот на смукалката со оној на цевката
за смукање и потоа вметнете го распрскувачот на
смукалката во цевката за смукање додека резето на
распрскувачот не се заглави во место.
►
Сл.9:
1.
Распрскувач на смукалката
2.
Цевка за
смукање
3.
Триаголен знак
Содержание DUB363
Страница 2: ...1 2 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 2 Fig 3 1 2 3 Fig 4 2 ...
Страница 3: ...2 1 3 Fig 5 1 1 Fig 6 1 Fig 7 1 Fig 8 1 2 3 3 Fig 9 1 2 3 Fig 10 3 ...
Страница 4: ...1 2 3 Fig 11 1 2 Fig 12 2 3 1 Fig 13 1 2 1 Fig 14 4 ...
Страница 5: ...1 2 Fig 15 1 2 1 3 4 Fig 16 1 2 3 4 Fig 17 1 2 3 Fig 18 1 2 Fig 19 5 ...
Страница 6: ...2 1 3 Fig 20 1 Fig 21 1 Fig 22 1 Fig 23 Fig 24 1 4 3 2 Fig 25 1 Fig 26 6 ...
Страница 7: ...1 Fig 27 7 ...
Страница 106: ...106 ...
Страница 107: ...107 ...