![Makita DTD137 Скачать руководство пользователя страница 48](http://html.mh-extra.com/html/makita/dtd137/dtd137_instruction-manual_227493048.webp)
48 МАКЕДОНСКИ
Систем за заштита на батеријата
(литиум-јонска батерија со ознака
на ѕвезда)
►
Сл.2:
1.
Ознака со ѕвезда
Литиум-јонските батерии со ознака на ѕвезда
се опремени со заштитен систем. Овој систем
автоматски го прекинува напојувањето на алатот за
да го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето ако алатот
и/или батеријата се поставени под еден од следниве услови:
•
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што
предзивикува тој да повлекува
ненормално висока електрична енергија.
Во оваа ситуација, отпуштете го
прекинувачотна алатот и прекинете со
примената која предизвикала преоптовареност
на алатот. Потоа, повторно повлечете го
прекинувачот за да го рестартирате алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е
презагреана. Во оваа ситуација, оставете
батеријата да се олади пред повторно да
го повлечете прекинувачот.
•
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е
пренизок и алатот нема да работи. Во таква
ситуација, извадете ја и наполнете ја батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.3:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Вклучување
►
Сл.4:
1.
Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
•
Пред да ја ставите батеријата во
алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за
исклучување на алатот.
НАПОМЕНА:
•
Алатот автоматски запира ако го држите
прекинувачот повлечен околу 180 секунди.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
•
Не гледајте директно во светлината или во
изворот на светлина.
►
Сл.5:
1.
Ламба
►
Сл.6:
1.
Копче
За да го вклучите статусот на ламбата, притиснете
го копчето
и задржете неколку секунди. За да
го исклучите статусот на ламбата, притиснете го
копчето
и задржете неколку секунди.
Со статусот на ламбата поставен на ON
(ВКЛУЧЕНО), повлечете го прекинувачот за да ја
вклучите ламбата. За да ја исклучите, отпуштете
го. Ламбата ќе се исклучи приближно 10 секунди по
отпуштањето на прекинувачот.
Со статусот на ламбата поставен на OFF
(ИСКЛУЧЕНО), ламбата не се вклучува дури ни кога
ќе го повлечете прекинувачот.
НАПОМЕНА:
•
За да го потврдите статусот на ламбата,
повлечете го прекинувачот. Кога ламбата
светнува со повлекување на прекинувачот,
статусот на ламбата е ON (ВКЛУЧЕН). Кога
ламбата не се вклучува, статусот на ламбата
е OFF (ИСКЛУЧЕН).
•
Кога го повлекувате прекинувачот, статусот
на ламбата не може да се промени.
•
Околу 10 секунди по отпуштање на
прекинувачот, статусот на ламбата може да
се промени.
Прекинувач за обратна акција
►
Сл.7:
1.
Рачка за прекинувач за назад
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот .
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.