169
МАКЕДОНСКИ
За да ја монтирате касетата за батеријата,
ослободете ја бравата на капакот и отворете го
капакот на батеријата.
►
Сл.2:
1.
Блокирање на капакот
2.
Капак на
батеријата
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук.
Потоа затворете го капакот на батеријата.
►
Сл.3:
1.
Копче
2.
Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од уредот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно.
Во спротивно,
може ненадејно да испадне од уредот,
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.4:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на уредот/
батеријата
Овој уред е опремен со систем за заштита. Овој
систем автоматски го прекинува напојувањето
за да го продолжи работниот век на уредот и на
батеријата. Уредот автоматски ќе се исклучи за
време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе се намали, LED-
ламбичките се гасат, освен дел од нив. Подоцна
системот автоматски го прекинува напојувањето. Во
таа ситуација, извадете ја касетата за батеријата од
уредот и наполнете ја.
Отвор за катанец
За заштита од кражба на касетата за батерија, се
обезбедува отвор за катанец.
►
Сл.5:
1.
Отвор за катанец
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да извршите каква било
работа на уредот, секогаш проверувајте дали
тој е исклучен и дали касетата за батеријата е
извадена.
Ширење/виткање на ногалките на
стативот
ВНИМАНИЕ:
Држете ги рацете подалеку
од ногалките на стативот и внимавајте да не
си ги потфатите прстите кога ги ширите или
свиткувате ногалките на стативот.
1. Цврсто држете ги хоризонталната рачка и
рачката за носење со двете раце.
2. Лизгајте ја рачката за носење во насока на
стрелката како што е прикажано на сликата
додека го притискате копчето за отпуштање на
стативот.
3. Отпуштете го копчето за отпуштање на
стативот и осигурете се дека рачката за носење
е зацврстена на долната позиција.
►
Сл.6:
1.
Копче на прекинувачот за напојување
2.
Рачка за носење
3.
Копче за отпуштање
на стативот