51
МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Избирање на начинот на сечење
►
Сл.3:
1.
Лост за промена на начинот на сечење
Cо овој алат може да се сече во кружна линија или во права
линија (горе и долу). При кружно сечење со алатот, ножот на
убодната пила се турка нанапред со секој потег на сечење и
се зголемува брзината на сечење во голема мера.
За да го смените начинот на сечење, само свртете ја
рачката во позицијата на саканиот начин на сечење. Видете
ја табелата за да го изберете соодветниот начин на сечење.
Положба
Начин на сечење Примена
0
Начин на сечење
по права линија
За сечење мек
јаглероден челик,
не’рѓосувачки
челик и пластики.
За рамно сечење
на дрво и иверка.
I
Начин на сечење
со мали кружници
За сечење мек
јаглероден челик,
алуминиум и
тврдо дрво.
II
Начин на сечење
со средни
кружници
За сечење дрво и
иверка.
За брзо сечење на
алуминиум и мек
јаглероден челик.
III
Начин на сечење
со големи
кружници
За брзо сечење
дрво и иверка.
Вклучување
За да го вклучите алатот, притиснете го копчето за
заклучување/отклучување. Алатот преминува во режим на
готовност. За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување во режим на готовност.
Брзината на алатот се зголемува со зголемување на
притисокот врз прекинувачот за стартување. За да го
запрете алатот, отпуштете го прекинувачот за стартување.
Алатот преминува во режим на готовност. За да го
исклучите алатот, притиснете го копчето за заклучување/
отклучување во режимот на готовност.
За континуирано работење, повлечете го прекинувачот за
стартување во режим на готовност и потоа притиснете го
копчето за заклучување. За да го запрете алатот, целосно
повлечете го прекинувачот за стартување и потоа отпуштете го.
►
Сл.4:
1.
Копче за заклучување/отклучување
2.
Копче за заклучување
3.
Прекинувач за
стартување
НАПОМЕНА:
Ако алатот се остави 10 секунди без
да се работи со него во режим на готовност, тој
автоматски ќе исклучи, а ламбата ќе се изгаси.
НАПОМЕНА:
Копчето за заклучување/
отклучување не е достапно додека алатот работи.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите ламбата, притиснете го копчето за
заклучување/отклучување. За да ја исклучите ламбата,
повторно притиснете го копчето за заклучување/отклучување.
►
Сл.5:
1.
Ламба
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога алатот е прегреан,
ламбичката трепка. Оставете го алатот целосно
да се излади пред повторно да работите со
него.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Бирач за нагодување на брзината
►
Сл.6:
1.
Бирач за нагодување на брзината
Брзината на алатот може да се нагодува со вртење
на бирачот за нагодување на брзината. Највисоката
брзина е на 5, а најниската на 1.
Видете ја табелата за да ја изберете соодветната
брзина за материјалот што ќе се сече. Сепак,
соодветната брзина може да се менува во зависност
од видот или дебелината на материјалот. Општо,
поголемите брзини ви дозволуваат да го сечете
работниот материјал побрзо, но ќе се намали
работниот век на ножот на убодната пила.
Работен материјал
Број
Дрво
4 - 5
Мек јаглероден челик
3 - 5
Нерѓосувачки челик
3 - 4
Алуминиум
3 - 5
Пластика
1 - 4
ЗАБЕЛЕШКА:
Бројченикот за нагодување на
брзината може да се сврти само до бројот 5 и
назад до бројот 1. Не форсирајте го надвор од
броевите 5 или 1, во спротивно функцијата за
нагодување на брзината може да престане да
работи.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Меко стартување
Функцијата за меко стартување го сведува почетниот
удар на минимум и овозможува алатот да се
стартува глатко.
Контрола на постојана брзина
Електронско контролирање на брзината за
постигнување постојана брзина. Може да се изврши
добра завршна обработка, бидејќи брзината на
вртење е постојана дури и при преоптовареност.
Содержание DJV184RFJ
Страница 2: ...2 1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 2 3 Fig 4 1 Fig 5 1 Fig 6 1 3 2 Fig 7 ...
Страница 3: ...3 1 2 3 Fig 8 1 2 3 Fig 9 1 Fig 10 2 1 Fig 11 Fig 12 3 2 1 Fig 13 2 1 Fig 14 ...
Страница 4: ...4 3 2 1 Fig 15 Fig 16 Fig 17 Fig 18 1 Fig 19 1 Fig 20 ...
Страница 5: ...5 1 Fig 21 1 2 Fig 22 Fig 23 1 Fig 24 1 2 4 3 Fig 25 1 Fig 26 2 6 5 4 1 3 Fig 27 1 2 Fig 28 ...
Страница 6: ...6 1 2 Fig 29 1 2 3 Fig 30 3 2 1 Fig 31 ...
Страница 90: ...90 ...
Страница 91: ...91 ...