38
МАКЕДОНСКИ
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗЖИЧНИОТ РОТИРАЧКИ ЧЕКАН
1.
Носете штитници за уши.
Изложувањето на
бучава може да предизвика губење на слухот.
2.
Користете помошна рачка(и), ако е
доставена со алатот.
Губењето контрола може
да предизвика повреда.
3.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи при кои
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици.
Додатоците за
сечење што ќе допрат жица под напон можат
да ја пренесат струјата до металните делови
на алатот и да предизвикаат струен удар на
операторот.
4.
Носете тврда капа (заштитен шлем),
заштитни очила и/или штитник за лице.
Обичните очила или очилата за сонце НЕ СЕ
заштитни очила. Сериозно се препорачува
да носите маска што штити од прав и
дебело обложени ракавици.
5.
Проверете дали бургијата е зацврстена пред
да почнете да работите.
6.
При нормално работење, алатот создава
вибрации. Шрафовите можат лесно са
се олабават, да предизвикаат прекин на
работата или незгода. Проверете колку
цврсто се завртени шрафовите пред да
почнете да работите.
7.
Кога е ладно времето или кога алатот не бил
користен долго време, дозволете алатот
да се загрее за миг, нека работи извесно
време без оптоварување. На тој начин ќе се
подмачка. Без правилно загревање, тешко
ќе оди ковањето.
8.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога. Уверете се дека под Вас
нема никој кога го користите алатот на
високи места.
9.
Цврсто држете го алатот со двете раце.
10.
Држете ги рацете подалеку од подвижните
делови.
11.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
12.
Не покажувајте со алатот кон лица што се во
просторот во кој се работи. Бургијата може
да излета и да повреди некого сериозно.
13.
Не допирајте ги бургијата, деловите близу
главата или работниот материјал веднаш по
работата. Тие може да бидат многу жешки и
да ви ја изгорат кожата.
14.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
15.
Пред да го предадете алатот на трето лице,
секогаш проверувајте дали е исклучен и
дали касетата со батеријата и бургијата се
извадени.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
Содержание DHR171
Страница 2: ...1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 2 Fig 4 1 A B Fig 5 1 Fig 6 1 Fig 7 1 Fig 8 2 ...
Страница 3: ...1 2 Fig 9 1 Fig 10 1 2 Fig 11 1 2 Fig 12 1 Fig 13 1 2 3 1 2 3 3 Fig 14 1 2 Fig 15 3 ...
Страница 4: ...Fig 16 1 Fig 17 1 2 Fig 18 1 Fig 19 1 2 Fig 20 1 Fig 21 Fig 22 4 ...
Страница 5: ...1 2 3 1 2 3 Fig 23 Fig 24 1 2 Fig 25 Fig 26 5 ...