68
МАКЕДОНСКИ
1.
За ставање на X-LOCK тркалото, осигурете се
дека двете сопирачки се во отклучената положба.
Во спротивно, притиснете го лостот за отпуштање
од страната А за да се подигне страната B, а потоа
влечете го лостот за отпуштање од страната B
како што е прикажано на сликата. Сопирачките се
поставени во отклучената положба.
►
Сл.15:
1.
Сопирачка
2.
Лост за отпуштање
2. Поставете централна положба на X-LOCK
тркалото врз држачот.
Осигурете се дека X-LOCK тркалото е
паралелно на површината на фланшата и со
точната страна насочена нагоре.
3. Турнете го X-LOCK тркалото врз држачот.
Сопирачките се заклучуваат со кликнување и го
фиксираат X-LOCK тркалото.
►
Сл.16:
1.
X-LOCK тркало
2.
Држач
3.
површина
на фланшата
4.
Сопирачка
4.
Осигурете се дека X-LOCK тркалото е
фиксирано правилно. Површината на X-LOCK
тркалото не треба да е повисока од површината
на држачот како што е прикажано на сликата.
Во спротивно, држачот мора да се исчисти или
X-LOCK тркалото не смее да се користи.
►
Сл.17:
1.
Површина на држачот
2.
Површина на
X-LOCK тркалото
За да го отстраните X-LOCK тркалото, притиснете го
лостот за отпуштање од страната А за да се подигне
страната B, а потоа влечете го лостот за отпуштање
од страната B како што е прикажано на сликата.
X-LOCK тркалото е ослободено и може да се извади.
►
Сл.18:
1.
Лост за отпуштање
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не би
требало да се применува сила врз алатот.
Тежината на алатот нанесува доволно притисок.
Додавањето сила и прекумерен притисок може да
предизвикаат опасно кршење на тркалото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
СЕКОГАШ заменувајте
го тркалото ако алатот ви падне при брусење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ не
удирајте го тркалото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Избегнувајте
отскокнување и заглавување на тркалото, особено
кога работите на агли, остри рабови и сл.
Така може
да изгубите контрола и да дојде до повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ КОРИСТЕТЕ
ГО алатот со сечила за дрворез и други пили
за дрво.
Таквите сечила, кога се користат со
брусилка, често удираат и предизвикуваат губење
контрола, што може да доведе до телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
активирајте го лостот на X-LOCK држачот за време
на работата.
X-LOCK тркалото може да излезе од
алатот и да предизвика сериозни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Осигурете се дека
X-LOCK тркалото е фиксирано цврсто.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте го
алатот кога е во контакт со работниот материјал, во
спротивно може да дојде до повреда на операторот.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете заштитни очила
или маска за заштита на лицето при работата.
ВНИМАНИЕ:
По работата, секогаш
исклучувајте го алатот и почекајте додека тркалото
не сопре сосема пред да го одложите алатот.
ВНИМАНИЕ:
СЕКОГАШ држете го алатот
цврсто со едната рака за куќиштето и со
другата на страничниот држач (рачка).
Брусење и шмирглање
►
Сл.19
Вклучете го алатот и потоа, ставете ги тркалото или
дискот во работниот материјал.
По принцип, одржувајте го работ од тркалото
или дискот под агол од околу 15° во однос на
површината на работниот материјал.
За време на првичниот период на користење ново
тркало, не работете со брусилката во насока нанапред
бидејќи ќе засече во работниот материјал. Штом работ
на тркалото ќе се заобли од употребата, со тркалото
може да се работи во двете насоки, нанапред и наназад.
Работа со тркало за абразивно
сечење/дијамантско тркало
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не заглавувајте
го тркалото и не притискајте прекумерно.
Не обидувајте се да сечете предлабоко.
Пренапрегнувањето на тркалото го зголемува
оптоварувањето и можноста за извиткување или
лепење на тркалото во засекот и можностаза
повратен удар, кршење на тркалото и прегревање
на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не почнувајте со
сечењето повторно додека тркалото е во
материјалот. Оставете го тркалото да достигне
максимална брзина и внимателно влезете
во засекот, движејќи го алатот напред преку
површината на материјалот.
Тркалото може
да осцилира, да излезе или да удри наназад ако
алатот се стартува во материјалот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За време на
сечењето, не менувајте го аголот на тркалото.
Ако се притиска странично на тркалото за сечење
(при брусење) може да дојде до пукање или
кршење на тркалото, што може да предизвика
тешки телесни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Со дијамантското
тркало треба да се работи вертикално врз
материјалот за сечење.
Примери за користење: работење со абразивно
тркало за сечење
►
Сл.20
Пример за користење: работење со дијамантско тркало
►
Сл.21
Содержание DGA521
Страница 2: ...2 1 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 1 Fig 6 Fig 7 2 ...
Страница 3: ...3 2 1 Fig 8 2 B 1 A B Fig 9 2 B 1 A B B C C Fig 10 1 2 Fig 11 1 2 Fig 12 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 2 A B Fig 15 2 4 3 1 Fig 16 1 2 Fig 17 1 A B Fig 18 4 ...
Страница 5: ...15 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 Fig 23 1 2 Fig 24 1 Fig 25 5 ...
Страница 6: ...2 6 7 4 5 2 3 1 Fig 26 6 ...
Страница 115: ...115 ...