39
МАКЕДОНСКИ
Заштита од прекумерно празнење
Оваа заштита работи кога преостанатиот капацитет
на батеријата ќе дојде на ниско ниво. Во оваа
ситуација, извадете ја батеријата од алатот и
наполнете ја.
Вклучување
►
Сл.3:
1.
Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
Прекинувач за обратна акција
►
Сл.4:
1.
Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре.
Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
Промена на брзина
►
Сл.5:
1.
Рачка за промена на брзина
ВНИМАНИЕ:
Секогаш поставувајте го
лизгачот за промена на брзината целосно во
соодветната положба.
Ако ракувате со алатот
со лизгачот за промена на брзината поставен
во меѓуположба помеѓу страна „1“ и страна „2“,
алатот може да се оштети.
ВНИМАНИЕ:
Не користете го лизгачот за
промена на брзината додека алатот работи.
Алатот може да се оштети.
Положба на
рачката
за
прилагодување
на брзината
Брзина
Вртежен
момент
Соодветна
работа
1
Ниско
Високо
Работа
на тешко
оптоварување
2
Високо
Ниско
Работа
на лесно
оптоварување
За да ја промените брзината, прво исклучете го
алатот. Изберете ја страната „2“ за висока брзина
или „1“ за ниска брзина, но со висок вртежен момент.
Осигурете се дека лизгачот за промена на брзината
е во правилна положба пред работата.
Ако брзината на алатот нагло опаѓа за време
на работа со „2“, свртете ја рачката на „1“ и
рестартирајте ја операцијата.
Нагодување на вртежниот момент
►
Сл.6:
1.
Прстен за нагодување
2.
Градација
3.
Стрелка
Вртежниот момент на затегнување може да се
постави на 17 нивоа со свртување на прстенот за
нагодување. Порамнете ги градациите со стрелката
на телото од алатот. На 1 се добива минимален,
а на ознаката
максимален вртежен момент на
затегнување.
Спојницата ќе паѓа на разни вртежни моменти кога е
поставена на број од 1 до 16. Кога ќе се постави на
ознаката
, квачилото не работи.
Пред да работите, ставете пробен шраф во
материјалот или парче дупликат материјал за да
определите кој вртежен момент одговара за која
примена.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
бургијата за одвртување/дупчење
►
Сл.7:
1.
Ракав
Свртете го ракавот налево за да ги отворите стегите
на главата. Поставете ја бургијата за одвртување/
дупчење во клинот колку што може да оди. Свртете
го ракавот во насока на стрелките на часовникот за
да ја стегнете главата. За да ја извадите бургијата за
одвртување/дупчење, свртете го ракавот во насока
спротивна на стрелките на часовникот.
Содержание DDF343
Страница 2: ...2 1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 A 1 B Fig 4 1 Fig 5 1 2 3 Fig 6 1 Fig 7 3 1 2 Fig 8 ...
Страница 3: ...3 1 Fig 9 Fig 10 ...
Страница 70: ...70 ...
Страница 71: ...71 ...