40
МАКЕДОНСКИ
Монтирање на куката
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете ги
деловите за закачување/монтирање само
за нивните предвидени намени, на пр.,
закачување на алатот на ремен за алат помеѓу
работите и работните интервали.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Внимавајте да не
ја преоптоварите куката, бидејќи преголемата
сила или неправилното преоптоварување
може да предизвикаат штети на алатот, што ќе
резултира со телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога ја монтирате куката,
секогаш цврсто затегнете ја со шрафот.
Ако не е
затегната, куката може да испадне од алатот и да
предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сте
го закачиле алатот пред да го отпуштите
држењето.
Недоволно или небалансирано
закачување може да предизвика паѓање и може да
се повредите.
►
Сл.8:
1.
Жлеб
2.
Кука
3.
Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
Користење на отворот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
користете го отворот за закачување
за непредвидена намена, на пример,
прицврстување на алатот на високо место.
Поднесување стрес во тешко оптоварен отвор
може да предизвика оштетувања на отворот, што
ќе резултира со повреди на вас или луѓето околу
или под вас.
►
Сл.9:
1.
Отвор за закачување
Користете го отворот за закачување во долниот
заден дел од алатот за да го закачите алатот на ѕид
со висечки кабел или слични конци.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вметнувајте ја
касетата со батерии до крај додека не се
блокира во место.
Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е целосно блокирана
во место. Вметнете ја целосно додека не се
прекрие црвениот индикатор. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Кога брзината нагло ќе
опадне, намалете ја оптовареноста или запрете
го алатот за да избегнете негово оштетување.
Држете го алатот цврсто со едната рака за дршката
и другата рака на долниот дел од батеријата за
контролирање на вртливото дејство.
►
Сл.10
Одвртување/завртување
ВНИМАНИЕ:
Поставете го прстенот за
нагодување на соодветното ниво на вртежен
момент за вашата работа.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека бургијата
за одвртување е вметната правилно во главата
за одвртување/завртување, во спротивно
завртката и/или бургијата за одвртување може
да се оштетат.
Поставете го врвот на бургијата за одвртување
во главата на завртката и применете притисок
врз алатот. Полека стартувајте го алатот и
постепено зголемувајте ја брзината. Отпуштете
го прекинувачот за стартување штом завртката
навлезе во материјалот.
НАПОМЕНА:
Кога завртувате завртка за дрво,
претходно дупнете почетна дупка со дијаметар
2/3 од оној на завртката. Тоа ќе го олесни
завртувањето и ќе спречи пукање на работниот
материјал.
Дупчење
Прво, свртете го прстенот за нагодување, така што
стрелката ќе покажува кон ознаката
. Потоа,
продолжете на следниот начин.
Дупчење во дрво
Кога дупчите во дрво, најдобрите резултати се
добиваат со бургии за дрво опремени со водилка.
Водилката го олеснува дупчењето со тоа што ја
вовлекува бургијата за дупчење во работниот
материјал.
Содержание DDF343
Страница 2: ...2 1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 A 1 B Fig 4 1 Fig 5 1 2 3 Fig 6 1 Fig 7 3 1 2 Fig 8 ...
Страница 3: ...3 1 Fig 9 Fig 10 ...
Страница 70: ...70 ...
Страница 71: ...71 ...