
57
МАКЕДОНСКИ
ДОПОЛНИТЕЛНИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
1.
Внимателно прочитајте ги ова упатство
за употреба и упатството за употреба за
полначот пред употребата.
2.
Не подигајте ги следниве материјали:
—
Жешките материјали, како на пример запалени
цигари или искречки/метален прав што се
создава од брусењето/сечењето метал
—
Запаливи материјали, како на пример,
бензин, разредувач, газија, керозин или боја
—
Експлозивни материјали, како на
пример, нитроглицерин
—
Запаливи материјали, како на пример,
алуминиум, цинк, магнезиум, титаниум,
фосфор или целулоид
—
Влажен прав, вода, масло или слично
—
Тврди парчиња со остри рабови, како
на пример, дрвени делканици, метали,
камења, стакло, шајки, игли или жилети
—
Прав што може да предизвика затнување,
како на пример, цемент или прав за тонер
—
Проводлив прав, како на пример, метал
или јаглерод
—
Мали честички, како на пример, прав од бетон
Таквите дејства може да предизвикаат пожар,
повреда и/или оштетување на имотот.
3.
Ако забележите нешто абнормално, веднаш
запрете со работа.
4.
Ако ја испуштите или удрите
правосмукалката, внимателно проверете
дали на неа има пукнатини или оштетувања
пред да продолжите со работа.
5.
Не полнете го чистачот во близина на
опасни, запаливи материјали, како на
пример, бензин, гас, боја или лепила.
6.
Не полнете го чистачот на хартија, крпи, тепих,
винил итн. Така може да настане пожар.
7.
Не полнете го чистачот во правливо место.
8.
Бидете сигурни дека под вас нема никој кога
го користите чистачот на високи места.
9.
Не доближувајте го до печки или други
топлински извори.
10.
Не блокирајте ги доводната дупка и дупките
за вентилација.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ЗА ВГРАДЕНА БАТЕРИЈА
1.
Пред да ја користите вградената батерија,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја вградената батерија.
3.
Ако оперативното времето станало прекумерно
кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не преспојувајте ја вградената батерија:
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате вградената
батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
Не изложувајте ја вградената батерија
на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може
да предизвика голем проток на
електрична енергија, прегревање,
можни изгореници, па дури и пад на
напојувањето.
6.
Не складирајте ги и не користете ги уредот
и вградената батерија на места каде што
температурата може да достигне или
надминува 50 °C (122 °F).
7.
Не спалувајте ја вградената батерија дури
ни кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Вградената батерија може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена вградена батерија.
10.
Содржаните литиум-јонски батерии се
подложни на условите во Правилата за
опасни предмети. Кога ја фрлате батеријата
во отпад, извадете ја од уредот и фрлете
ја на безбедно место. Почитувајте ги
локалните законски прописи што се
однесуваат на фрлање на батеријата во
отпад.
11.
Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1.
Полнете ја вградената батерија пред да се
испразни целосно.
Секогаш исклучувајте го уредот и полнете
ја вградената батерија кога ќе забележите
намалена моќност на алатот.
2.
Никогаш не полнете целосно наполнета
батерија.
Прекумерното полнење го скратува
животниот век на батеријата.
3.
Полнете ја вградената батерија на собна
температура од 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F).
Дозволете загреаната батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Полнете ја вградената батерија еднаш секои
шест месеци ако не го користите уредот
подолг временски период.
Содержание CL117FD
Страница 2: ...2 1 2 Fig 1 1 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 3 Fig 5 1 2 3 Fig 6 1 2 4 3 Fig 7 1 2 Fig 8 ...
Страница 3: ...3 1 2 Fig 9 2 1 Fig 10 1 2 Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 2 1 Fig 16 ...
Страница 4: ...4 1 2 Fig 17 1 2 Fig 18 1 2 Fig 19 1 2 3 4 Fig 20 1 2 Fig 21 Fig 22 1 2 Fig 23 ...
Страница 5: ...5 Fig 24 1 Fig 25 1 2 3 Fig 26 1 2 Fig 27 1 2 Fig 28 1 2 3 Fig 29 Fig 30 1 Fig 31 ...
Страница 6: ...6 Fig 32 Fig 33 Fig 34 Fig 35 Fig 36 1 2 Fig 37 1 Fig 38 ...
Страница 7: ...7 1 2 Fig 39 1 Fig 40 1 2 Fig 41 1 Fig 42 Fig 43 1 2 3 4 5 Fig 44 1 2 3 4 Fig 45 ...
Страница 8: ...8 1 2 Fig 46 2 1 Fig 47 1 2 Fig 48 1 2 3 Fig 49 ...
Страница 103: ...103 ...