50
МАКЕДОНСКИ
Чистење
Тело на правосмукалката
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на правосмукалката) на правосмукалката со
помош на крпа натопена во вода со сапуница.
Исто така, исчистете го отворот на смукалката,
подрачјето за монтирање на вреќата за прав/
хартиениот филтер и запирачот на прав.
►
Сл.38
Запирач на прав
Избришете го правот од запирачот на прав.
Отстранете ги правот и нечистотијата на делот со
сунѓер нежно потчукнувајќи ги.
►
Сл.39:
1.
Дел со сунѓер
Вреќа за прав
Измијте ја вреќата за прав со вода со сапуница ако
е затната со прав и со тоа моќноста на чистачот
станала послаба. Целосно исушете ја пред
употребата. Недоволно исушената вреќа може да
предизвика намалена моќност на смукање и да го
скрати работниот век на моторот.
►
Сл.40
НАПОМЕНА:
Хартиениот филтер служи за една
употреба и се фрла во отпад по употребата.
Кога сунѓерестиот филтер е затнат со прав,
извадете го од правосмукалката и избришете го или
измијте го со вода.
Вадење и монтирање на
сунѓерестиот филтер
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го исчистите
сунѓерестиот филтер, монтирајте го на
правосмукалката.
Ако сте го миеле со вода,
исушете го пред да го монтирате. Ако сунѓерестиот
филтер е недоволно исушен, тоа може да го
скрати работниот век на моторот.
За да го извадите сунѓерестиот филтер, извадете
ја вреќата за прав или хартиениот филтер, а потоа
фатете го и извадете го сунѓерестиот филтер.
►
Сл.41:
1.
Сунѓерест филтер
За монтирање на филтерот, притиснете целосно на
работ од сунѓерестиот филтер на вдлабнатиот ѕид
внатре во подрачјето за монтирање на вреќата за
прав/хартиениот филтер.
►
Сл.42:
1.
Вдлабнат ѕид
Чистење на главата на смукалката
(зависно од земјата)
Кога четката на главата ќе се извалка, исчистете го
правот со леплива лента.
►
Сл.43:
1.
Четка
Ѕиден носач за безжична
правосмукалка
Опционален прибор
НАПОМЕНА:
Не е вклучен шрафот за монтирање
на држачот. Подгответе шраф што одговара на
материјалот во кој ќе се шрафи.
Поставете го ѕидниот носач за безжична
правосмукалка на тврд дрвен ѕид, греда или столб,
каде што ѕидниот носач за безжична правосмукалка
може цврсто да се затегне. Пред да ја закачите
правосмукалката, секогаш внимавајте ѕидниот носач
за безжична правосмукалка добро да е прицврстен.
►
Сл.44:
1.
Ѕиден носач за безжична
правосмукалка
2.
Приклучок
ВНИМАНИЕ:
Не закачувајте ја
правосмукалката на ѕидниот носач со сила,
ниту пак закачувајте други уреди освен
правосмукалката.
НАПОМЕНА:
Кога не ја полните правосмукалката,
приклучокот може да се складира на ѕидниот
носач за безжична правосмукалка, како што е
прикажано.
Решавање проблеми
Пред да побарате поправка, проверете ги следниве точки.
Симптом
Подрачје што треба да се испита
Метод на зацврстување
Слаба сила на смукање
Дали вреќата за прав или хартиениот
филтер се полни со прав?
Испразнете ја вреќата за прав или
хартиениот филтер.
Дали вреќата за прав е затната?
Испразнете го правот или измијте ја
вреќата за прав.
Дали хартиениот филтер е затнат?
Заменете го хартиениот филтер.
Дали касетата со батерија е испразнета? Променете ја касетата за батеријата.
Не работи
Дали касетата со батерија е испразнета? Променете ја касетата за батеријата.
Капакот на кутијата за прав не се
затвора
Дали вреќата за прав или хартиениот
филтер се поставени?
Поставете ги вреќата за прав или
хартиениот филтер.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не обидувајте се самите да ја поправате правосмукалката.
Содержание CL114FDWI
Страница 2: ...1 Fig 1 1 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 3 Fig 5 Fig 6 1 2 Fig 7 1 2 3 Fig 8 2 ...
Страница 3: ...1 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 1 Fig 13 1 2 Fig 14 Fig 15 1 2 3 Fig 16 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 1 Fig 21 1 2 3 4 Fig 22 1 2 Fig 23 Fig 24 4 ...
Страница 5: ...1 Fig 25 1 2 3 Fig 26 1 2 Fig 27 1 2 3 Fig 28 Fig 29 1 Fig 30 1 2 Fig 31 1 Fig 32 5 ...
Страница 6: ...1 2 Fig 33 1 2 Fig 34 1 2 Fig 35 Fig 36 Fig 37 Fig 38 1 Fig 39 Fig 40 6 ...
Страница 7: ...1 Fig 41 1 Fig 42 1 Fig 43 1 2 Fig 44 1 Fig 45 1 2 Fig 46 1 Fig 47 Fig 48 7 ...