•
Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца. Секое користење на уредот од страна на деца треба
да биде под надзор на возрасно лице.
Дополнителна опрема
•
Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да
предизвика пожар, експлозија или друга опасност.
•
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба за овој модел од страна на производителот на
уредот. Користењето на други типови дополнителна опрема може да доведе до поништување на гаранцијата,
кршење на локалните прописи и закони, и може да биде опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе
информации околу достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот регион.
Безбедност на адаптерот за напојување
•
Електричниот приклучок служи како уред за исклучување.
•
За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на уредите и да биде лесно достапен.
•
Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот кога не го користите.
•
Не испуштајте го и не удирајте го адаптерот за напојување.
•
Ако кабелот за струја е оштетен (на пр., жиците се гледаат или се прекинати), или приклучокот се разлабави,
веднаш престанете да го користите. Продолженото користење може да доведе до електрични шокови, кратки
споеви или пожар.
•
Не го допирајте кабелот со влажни раце и не го влечете за да го исклучите адаптерот за напојување.
•
Не ги допирајте уредот или адаптерот за напојување со влажни раце. Тоа може да доведе до кратки споеви,
дефекти или електрични шокови.
•
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Додаток Q од IEC/EN 62368-1 и дека е
тестиран и одобрен според националните или локалните стандарди.
Чистење и одржување
•
Уредот треба да биде сув и заштитен од удари за време на складирање, транспорт и работење.
•
Уредот и дополнителната опрема да се чуваат суви. Не го сушете уредот со надворешен извор на топлина,
како што е микробранова печка или фен за коса.
•
Не го изложувајте уредот или дополнителната опрема на екстремна топлина или студ. Таквата средина може
да го попречи правилното функционирање и може да доведе до пожар или експлозија.
•
Заштитете го уредот од удари што може да предизвикаат дефекти, прегревање, пожар или експлозија.
•
Исклучете го уредот и отстранете ги сите кабли поврзани на него доколку планирате да не го користите
подолг временски период.
•
Ако се случи нешто невообичаено (на пример, ако од уредот излегува чад или некој необичен звук или
миризба), веднаш престанете со користење, исклучете го и отстранете ги сите кабли што се поврзани со него.
•
Не ги газете, влечете или виткајте каблите. Тоа може да предизвика оштетување на кабелот и дефект на
уредот.
•
Пред да започнете со чистење или одржување на уредот, запрете со негова употреба, запрете ги сите
апликации и исклучете ги сите кабли поврзани на него.
•
Не користете хемиски детергенти, прашок или други хемиски средства (како алкохол и бензен) за чистење на
уредот или дополнителната опрема. Таквите супстанции може да ги оштетат деловите или да предизвикаат
опасност од пожар. Користете чиста, мека и сува крпа за да го исчистите уредот и дополнителната опрема.
•
Не оставајте картички со магнетна лента, како што се кредитни или телефонски картички, во близина на
уредот подолг временски период. Во спротивно, картичките со магнетната лента може да се оштетат.
•
Не расклопувајте ги и не составувајте ги повторно уредот и додатоците. Со тоа се поништува гаранцијата и
производителот се ослободува од одговорност за штетата.
Информации за одложување и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба
да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На
тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира
на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината.
За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од
домаќинствата или посетете ја веб-локацијата http
s
://www.soyea-tech.com.
Намалување на опасни супстанции
Уредот и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на
употребата на одредени штетни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU
REACH и директивите RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др. За изјави за сообразност за REACH и RoHS,
посетете ја нашата веб-локација http
s
://www.soyea-tech.com.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Изјава
225
Содержание B535-333
Страница 264: ... התחלה מהירה B535 333 ...