Зошто содржината што се прикажува на страницата за управување преку веб не е
ажурирана?
Во зависност од кешот на прелистувачот, содржината за уредот на страницата за управување преку веб може да
не е ажурирана. Рачно исчистете го кешот на прелистувачот (на пример, отворете го прелистувачот и изберете
Опции за интернет (Internet Options) > Општо (General) > Историја на прелистувања (Browsing history) >
Избриши (Delete).) и повторно активирајте ја страницата за управување преку веб-кориснички интерфејс.
Ако имате други проблеми со насочувачот:
1 Престартувајте го насочувачот.
2 Вратете го насочувачот на фабричките поставки.
3 Контактирајте со операторот.
Правна напомена
Производот опишан во ова упатство може да содржи софтвер на даватели на лиценци којшто е заштитен со
авторски права. Купувачите никако не смеат да го репродуцираат, дистрибуираат, изменуваат, разделуваат,
расклопуваат, дешифрираат, извлекуваат, расчленуваат, изнајмуваат, доделуваат или подлиценцираат
наведениот софтвер, освен ако таквите ограничувања не се забранети со важечките закони или таквите дејства
се одобрени од соодветните носители на авторските права.
Трговски марки и дозволи
LTE е трговска марка на ETSI.
Wi-Fi
®
, логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance.
Другите споменати трговски марки, називи на производи, услуги и трговски друштва може да се во сопственост
на нивните односни сопственици.
Напомена
Некои карактеристики на производот и неговите додатоци опишани овде се потпираат врз инсталираниот
софтвер, капацитетот и параметрите на локалната мрежа и затоа може да не се активираат или може да се
ограничени од страна на операторите на локалните мрежи или давателите на мрежни услуги.
Така, описот тука може да не се совпаѓа целосно со купениот производ или неговите додатоци.
Го задржуваме правото да ги измениме или преиначиме информациите или спецификациите содржани во ова
упатство без претходна најава и без никаква одговорност.
ОГРАДУВАЊЕ
ЦЕЛА СОДРЖИНА ВО ОВА УПАТСТВО Е ДАДЕНА „КАКО ШТО Е“. ОСВЕН КАДЕ ШТО СЕ БАРА СО ПРИМЕНЛИВИТЕ
ЗАКОНИ, НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА
ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА И СООДВЕТНОСТА ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА, НЕ СЕ ДАВААТ ВО
ВРСКА СО ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА ОВА УПАТСТВО.
ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ШТО Е ДОЗВОЛЕН ОД ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНИ, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ SOYEA НЕМА ДА
БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА НИКАКВИ СПЕЦИЈАЛНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ ИЛИ
ГУБЕЊЕ НА ПРОФИТ, ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ, ДОХОД, ПОДАТОЦИ, ЗАШТЕДИ НА ИДЕН ПРОФИТ ИЛИ
ПРЕДВИДЕНИ ЗАШТЕДИ БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ДАЛИ ТАКВИТЕ ЗАГУБИ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ ИЛИ НЕ.
НАЈГОЛЕМАТА ОДГОВОРНОСТ (ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ НЕ ВАЖИ ЗА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛИЧНА ПОВРЕДА ОНОЛКУ
КОЛКУ ШТО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ ГО ЗАБРАНУВААТ ТАКВОТО ОГРАНИЧУВАЊЕ) НА SOYEA КОЈАШТО
ПРОИЗЛЕГУВА ОД УПОТРЕБАТА НА ПРОИЗВОДОТ ОПИШАН ВО ОВА УПАТСТВО СЕ ОГРАНИЧУВА НА ИЗНОСОТ
ШТО ГО ПЛАТИЛ КУПУВАЧОТ ЗА КУПУВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОИЗВОД.
Прописи за увоз и извоз
Купувачите ќе ги почитуваат сите важечки закони и прописи за извоз или увоз и се одговорни да ги обезбедат
сите потребни владини дозволи и лиценци за извоз, повторен извоз или увоз на производот споменат во ова
упатство, вклучувајќи ги и софтверот и техничките податоци содржани во него.
Политика за приватност
За да дознаете како ги користиме и ги штитиме вашите лични информации на овој уред, пристапете до
страницата за управување преку веб или страницата за детални информации за уредот во апликацијата за
управување со уредот и прочитајте го документот Изјава за приватност за мобилни широкопојасни уреди за да
дознаете за нашата политика за приватност.
Ажурирање на софтвер
Ако продолжите да го користите овој уред, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со следниве
содржини:
За да обезбеди подобра услуга, уредот автоматски ќе добива информации за ажурирање на софтверот од SOYEA
или од операторот откако ќе се поврзе на интернет. Овој процес ќе користи мобилни податоци и треба да
пристапи до единствениот идентификатор на уредот (сериски број) и мрежниот идентитет на давателот на
услугите (PLMN) за да провери дали уредот треба да се ажурира.
Овој уред ја поддржува карактеристиката за автоматско ажурирање. Откако ќе се овозможи, уредот автоматски
ќе презема и ќе инсталира критични ажурирања од SOYEA или од вашиот оператор. Оваа карактеристика е
стандардно овозможена и може да се конфигурира од менито за поставки на страницата за управување преку
веб.
223
Содержание B535-333
Страница 264: ... התחלה מהירה B535 333 ...