![Gorenje VC 1800 WD 3CLEANER Скачать руководство пользователя страница 18](http://html1.mh-extra.com/html/gorenje/vc-1800-wd-3cleaner/vc-1800-wd-3cleaner_instruction-manual_2246004018.webp)
18
Миење на површини
Предната површина исто така дополнително
измијте ја со вашата правосмукалка,
погрижете се да биде суво и да ги отстраните
тврдите делчиња.
Напомена:
Проверете дали површината е соодветна
за мокро миење. Проверете на помалиот,
невпечатлив дел, дали прекривките или
теписите се обоени со боја што е постојана
(не пушта боја). Затворете го резето на
механичкиот регулатор за моќта и
проверете дали во цилиндерот се наоѓа
вреќичката од хартија или од текстил.
Слика 13.
Подигнете го капакот на резервоарот за чиста
вода. Резервоарот наполнете го со чиста
вода. Резервоарот има зафатнина за 4 л
вода. Може и да го отстраните од
правосмукалката и така полесно да го
наполните. Со капачето го затворате
резервоарот.
Слика 14.
Подигнете го капачето на резервоарот за
дополнително средство за чистење.
Резервоарот наполнете го со средство за
чистење. Резервоарот има зафатнина за 4 л
вода. За правилен сооднос на средствата и
водата, држете се до препоракита на
производителот на средствата што ги
употребувате. Избегнувајте многу пена со
средството за чистење.
Со капачето го затворате резервоарот.
4l средството за чистење и чиста вода е
доволно за чистење на површина од 10m
2
.
Слика 15.
Приклучете ја цевката за додавање
дополнителна течност на правосмукалката
(слика6). Копчето за регулирање на
количеството на дополнително средство за
чистење свртете го во насока на стрелката
(а). Копчето за регулирање на чиста вода
свртете го во насока на стрелката (б).
Слика 16.
Цевката за додавање на средството за
чистење приклучете ја со едната страна на
вентилот на правосмукалката, со другата
страна на додатокот што го одбравте.
Слика 17.
Цевката со копчиња прицврстете ја на
цевката за правосмукалката.
Употреба на поголемите четки за
чистење со дополнителни
средства за чистење
Употребувајте ги за чистење на поголеми
површини.
Не употребувајте ги за обично суво
вшмукување. Секогаш килимите чистете ги со
обична четка за чистење подови!
Слика 18.
Приклучете ја четката на цевката за
вшмукување.
Прицврстете ја цевката на
средството за
чистење на двете страни и прицврстете ја со
закопчување.
Слика 19.
Вклучете ја правосмукалката.
Вклучете ја пумпата. Потоа ќе слушнете
погласен звук, кој ќе престане кога пумпата ќе
почне да ја вшмукува течноста. Тој звук е
нормален и покажува дека пумпата работи.
Слика 20.
Притиснете ја рачката, додека не протече
течност. Со четката испрскајте ја површината
што сакате да ја исчистите. За да го
прекинете течењето на средството за
чистење, спуштете ја рачката.
За површината подобро да ја исчистите и да
ја отстраните течноста, повеќепати повторете
го процесот на вшмукувањето, без да
додадете дополнителни средства за чистење
на површината што ја чистите.
Процесот повторувајте го додека не ја
исчистите површината што сакате да ја
исчистите.
Ако количеството на средството за чистење и
водата во резервоарот не се доволни,
исклучете ја правосмукалката и наполнете го
резервоарот.
Продолжеток (Додаток) за тврди
површини со дополнителни гуми
(по избор).
НАПОМЕНА:
За чистење на паркетот и на другите подови
се препорачува употреба на додаток
(продолжетокот) 32.
Слика 21.
Четката продолжете ја така како што
покажува сликата. Површината исчистете ја
по иста постапка како што е прикажано на
слика 20. Таквото чистење на површината
може да предизвика лизгање, затоа
внимателно газете само на делот на подот
каде што е исчистено, односно каде што е
исушено.
Содержание VC 1800 WD 3CLEANER
Страница 2: ...2...
Страница 3: ...3...
Страница 16: ...16 MK 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 j...
Страница 17: ...17 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12...
Страница 18: ...18 13 4 14 4 4l 10m2 15 6 16 17 18 19 20 32 21 20...
Страница 19: ...19 22 23 24 25 26 27...
Страница 20: ...20 28 29 30 31 32 33 8 32...
Страница 46: ...142099 40...