![Gorenje PBS02S Скачать руководство пользователя страница 8](http://html1.mh-extra.com/html/gorenje/pbs02s/pbs02s_instruction-manual_2245640008.webp)
6
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
МК
Ви благодариме што го избравте Горење.
Ве молиме внимателно прочитајте ги
упатствата за употреба и чувајте го ова
упатство за понатамошна употреба
.
Пред првата употреба
-
Исчистете ја плочата за печење со вода.
-
Никогаш не користете сапун или
детергент. Плочата е порозна и прима
вода доколку ја потопите целосно.
-
Плочата за печење треба добро да се
исуши.
-
Поставете ја плочата за печење во
рерната на последната решетка на дното
од рерната и подесете ја температурата
на рерната на 250
°C.
-
Загрејте ја плочата за печење еден до
два часа.
-
Исклучете ја рерната и оставете ја
плочата да се излади внатре во неа.
Плочата е сега подготвена за употреба.
Најдобри пракси
-
Не премачкувајте ја плочата за печење
со масло и не дозволувајте вишокот
масти да се цеди на плочата. Наместо
тоа, користете брашно, пченкарно
брашно, или гриз за да спречите лепење
на храната на плочата.
-
За најдобри резултати, ставете ја
плочата за печење во ладна рерна и
загрејте ја 30 минути до 2 часа на 250
°C.
-
Никогаш не ставајте ладна плоча за
печење во топла рерна бидејќи ова може
да предизвика напукнување на плочата
за печење.
-
Употребете лопатка за пица за да ја
пренесете пицата/лебот врз или од
плочата за печење. Пред да ја ставите
пицата /лебот на лопатката за печење,
посипете брашно за полесно да ја
пренесете пицата/лебот.
-
Не печете храна со висока содржина на
масти (или путер) на
плочата за печење,
и не ставајте кашкавал на самата плоча.
Кашкавалот е тежок за отстранување
кога еднаш ќе се стопи врз плочата.
-
Може да ја оставите плочата во рерната
во секое време. Сепак, уверете се дека
плочата за печење е прекриена со
фолија кога постои можност нешто од
горните решетки на рерната да се истури
врз неа.
-
НИКОГАШ не користете сапун врз
плочата за печење.
-
Отстранете ги трошките/остатоците од
плочата за печење веднаш кога тоа ќе
биде безбедно. Користете дрвена,
силиконска
или
поликарбонантна
стругалка за тава.
-
Дамките од состојките кои остануваат на
плочата за печење по печењето не
влијаат врз вкусот при следното
користење на плочата.
-
Не потопувајте ја плочата за печење во
вода подолг временски период. Плочата
за печење ја прима влажноста од
сунѓерот за чистење. Премногу влажност
го отежнува и забавува процесот на
сушење на плочата.
Внимание/коментари
-
Не ракувајте со плочата за печење
веднаш по печењето. Плочата е многу
жешка.
-
Ве молиме да користите лопатка за пица
за да ја отстраните пицата/лебот од
плочата за печење.
-
Плочата за печење природно ќе потемни
за време на употребата. Ова е
вообичаено и нема потреба да се
обидувате да ја чистите за да ја поврати
првобитната боја.
-
Плочата за печење може да издржи
температури
до
1000
степени
Целзиусови и може да се користи за
надворешни скари или во ѕидани фурни.
-
По употреба, складирајте ја плочата за
печење и заштитете ја од нечистотии и
влага.
Горење
Ви посакува многу задоволство во
користењето на вашиот апарат
!
Го задржуваме правото на промени!
Содержание PBS02S
Страница 1: ...PBS02S...
Страница 2: ......
Страница 4: ......
Страница 8: ...6 250 C 30 2 250 C 1000...
Страница 16: ...14 BG Gorenje 250 C 30 2 250 C 1000 GORENJE...
Страница 17: ...13 UA Gorenje 250 C 30 2 250 C 1000 C GORENJE...
Страница 18: ...16 RU Gorenje 250 C 30 2 250 C 1000 C 119180 4 1...
Страница 19: ...16 Gorenje 250 C 30 2 250 C 1000 C 119180 4 1...
Страница 24: ......