![Gorenje DK 9335 E Скачать руководство пользователя страница 37](http://html1.mh-extra.com/html/gorenje/dk-9335-e/dk-9335-e_user-instructions_2246098037.webp)
- 37 -
Ѕ) Постои опасност од избивање пожар ако
апаратот не се чисти согласно со упатствата.
Апаратот е произведен според бар ањата на
европската Директива EC/2002/96 за отпадна
електрична и електронска опрема (WEEE). Фрлајќи
го апаратот на соодветен начин, корисникот помага
да се спречи потенцијалната штета за животната
средина и здравјето.
Симболот
на производот или на придружната
документација укажува дека апаратот не смее да
се фрла како обичен отпад, туку да се однесе на
соодветно место за рециклирање електрични и
електронски апарати.
Почитувајте ги локалните упатства за фрлање отпад.
За повеќе информации за обработката, повторната
употреба и рециклирањето на овој производ,
обратете се кај локалните власти, комуналната
служба или продавницата кадешто сте го купиле
апаратот.
УПАТСТВО ЗА МЕСТЕЊЕ
Составувањето и поврзувањето на електриката
треба да го вршат квалификувани лица.
• Поврзување на електриката
Апаратот е производ од класа II, што значи дека не
е потребно вземјување.
Поврзувањето со електричната мрежа треба да се
изврши на следниов начин:
КАФЕНА = Фаза
СИНА = Нула
Ако не е приложен, поврзете приклучок за
електричното оптоварување означено на етикетата.
Ако е приложен приклучок, аспираторот треба да се
намести така што тој ќе биде лесно достапен.
Доколку приклучувањето е директно во мрежата,
меѓу апаратот и електричната мрежа треба да се
постави повеќеполен прекинувач со минимално
растојание од 3 mm меѓу контактите, соодветен за
електричното оптоварување и локалните стандарди.
•
Растојанието меѓу капаците на садовите за
готвење ставени на шпоретот и најнискиот дел на
аспираторот мора да биде најмалку 65 cm.
Ако се користи ќунк од два дела, горниот дел мора
да се постави од надворешната страна на долниот.
Не поврзувајте го излезниот отвор на аспираторот
со иста вентилација што се користи и за кружење на
топол воздух или за излез на чадот од други грејни
тела што не се на електричен погон.
Пред да почнете со составувањето, извадете ги
филтрите за маснотии (слика 6) за да ви биде
полесно да ракувате со апаратот.
Ако составувате апарат што е во верзија за во
вентилација, подгответе го првин излезниот отвор
за воздухот.
•
Препорачуваме да се користи отвор за оџак со пречник
150. Доколку отворот има помал пречник, производот
може да биде понеефикасен и да работи побучно.
•
Ако апаратот е конструиран за користење во
станбени објекти што имаат централна вентилација,
постапете на следниов начин:
-Прекинувачот го контролира отворањето и
затворањето на вентилот со помош на термостат. Ако
го вклучите прекинувачот (положба
ON
), по една
минута вентилот се отвора вртејќи се 90°, што
овозможува извлекување на устојаниот воздух. Ако
го исклучите прекинувачот (положба
OFF
), вентилот
се затвора за 100 секунди.
• ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА ЅИД
Издупчете ги дупките
A
внимавајќи на дадените
растојанија (слика 2). Прицврстете го апаратот на
ѕидот и порамнете го во хоризонтална положба во
однос на другите елементи. Кога ќе го наместите
апаратот, прицврстете го аспираторот со шрафовите
A
(слика 4). За разни видови инсталации користете
шрафови и типли што одговараат на видот на ѕидот
(на пр. за зајакнат бетон, гипс-картон или сл.). Ако
шрафовите и типлите се приложени со производот,
проверете дали одговараат на видот на ѕидот на
којшто треба да се прицврсти аспираторот.
• ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА УКРАСНИОТ ПРОДОЛЖЕН
ЌУНК
Поставете го напојувањето со електрична енергија
во склад со димензиите на украсниот ќунк. Ако
вашиот апарат треба да се намести како верзија за
во вентилација или со надворешен мотор, подгответе
го отворот за излез на воздухот. Приспособете ја
широчината на држачот на горниот дел на ќункот
(слика 3). Потоа прицврстете го на плафонот со
помош на шрафовите
A
(слика 3) така што ќе биде
порамнет со капакот, соодветно на растојанието од
плафонот прикажано на слика 2. Поврзете го ободот
C
со отворот за излез на воздухот со цевка за
поврзување (слика 4). Вметнете го горниот ќунк во
долниот и положете ги врз рамката. Продолжете го
горниот ќунк нагоре до држачот и прицврстете го со
шрафовите
B
(слика 3).
За да го претворите аспираторот од верзија за во
вентилација во верзија со филтер, побарајте
јагленски филтри од својот продавач и постапете
според упатството за местење.
• ВЕРЗИЈА СО ФИЛТЕР
Наместете го аспираторот и двата ќунци како што е
опишано во пасусот за местење на аспираторот во
верзија за во вентилација. За да го составите ќункот
за филтрирање видете во упатството содржано во
комплетот.
Ако комплетот не е приложен, нарачајте го од
продавачот како прибор.
Филтрите мора да се стават на делот за влечење на
воздухот што се наоѓа внатре во аспираторот. Мора
да се центрираат со вртење под агол од 90 степени
додека не се затвори бравата (слика 7).
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
•
Се препорачува апаратот да се вклучува пред
готвење.
Се препорачува да се остави апаратот да работи 15
минути по готвењето за да може целосно да се
Содержание DK 9335 E
Страница 2: ......
Страница 3: ...3 A 20 A C A B M max 90 cm B C D E A Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 A B C...
Страница 4: ...4 90 B C Fig 6 Fig 7 Fig 8...
Страница 12: ...12 65 6 150 A 2 ON 90 OFF 100 3 A 3 2 C 4 T B 3 90 7 15 4 8 C 5 A B C D E...
Страница 20: ...20 II L N c 3 c 65 6 150 A 2 A 4 ON 90 OFF 100 3 A 3 2 C 4 C B 3 90 7 15 2 C 4...
Страница 32: ...32 II L N 3 mm 65 cm 6 A 2 2 A 4 ON 90 OFF 100 3 A 3 2 C 4 B 3 90 7 15 2...
Страница 37: ...37 EC 2002 96 WEEE II 3 mm 65 cm 6 150 ON 90 OFF 100 A 2 A 4 3 A 3 2 C 4 B 3 90 7 15...
Страница 38: ...38 2 8 B C 5 A B C I D II E III...
Страница 39: ...39...
Страница 40: ...40 AR...
Страница 41: ...41...
Страница 42: ...42...
Страница 43: ...43...
Страница 44: ...3LIK0353...