9
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
МК
Ова е производ со врвен квалитет. Ве молиме
внимателно прочитајте ги упатствата.
Безбедносни мерки
1.
ВНИМАНИЕ! За време на употребата,
рачките и капакот се вжештуваат.
Употребете сува крпа, држачи за садови за
готвење или кујнски ракавици.
2.
Внимавајте секогаш да го поставите топлиот
сад за готвење на заштитена или топлински
изолирана површина или подметка.
3.
ВНИМАНИЕ! Производот се загрева многу
брзо. Поради ова секогаш внимавајте кога
готвите со масло за готвење бидејќи ова
може да предизвика пожар.
4.
ВНИМАНИЕ! Не загревајте го садот ако е
празен бидејќи ова може да предизвика
лупење на емајлираната површина.
5.
За да избегнете оштетување на производот,
не
употребувајте
остри
предмети,
внимавајте да не го изгребете предметот и
не сечете ја храната директно во садот за
готвење.
6.
Користете дрвен прибор за готвење и
прибор за готвење направен од пластика
која е отпорна на топлина.
7.
ВНИМАНИЕ!Секогаш кревајте го садот и
НИКОГАШ не го влечете по површината на
стаклено керамичката грејна плоча бидејќи
ова може да го оштети садот и грејната
површина за готвење.
8.
ВНИМАНИЕ!Кога
готвите
на
груби
површини, дното на садот може да биде
оштетено. Погрижете се за садот бидејќи
оштетеното дно на садот може да доведе до
оштетување на другите површини за
готвење.
9.
Производот е соодветен за употреба во сите
рерни и на сите грејни плочи до температура
од 240 °C. Кога го користите овој производ
во рерна, секогаш поставувајте го на
решетката, и никогаш на долниот дел од
рерната. Внимавајте пламените при шпорет
на гас да не излегуваат од страните на садот
за готвење.
10.
Користете грејна плоча или горилник
соодветен за садот за готвење.
11.
Садот за готвење не е соодветен за
употреба во микробранова печка.
12.
Овој сад за готвење не е соодветен за
миење во машина за садови.
13.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Грижете се за
производот. Внимавајте за да спречите
испуштања на садот бидејќи тоа може да ја
оштети површината под производот.
14.
Не користете го капакот ако забележите дека
рачката од капакот не е прицврстена. Во овој
случај, стегнете ги навртките на капакот.
Пред прва употреба на апаратот
1.
Отстранете ја амбалажата и сите ознаки од
производот.
2.
Наполнете го садот со вода и почекајте
водата да зоврие. Оставете ја водата да
врие кратко време за да се отстранат сите
супстанции кои се останати од процесот на
производство.
3.
Измијте го садот рачно со користење на
средство за миење на садови и топла вода;
потоа исушете го со крпа.
Употреба
1.
Загрејте го производот најпрвин на ниска
температура,
потоа
зголемувајте
ја
температурата постепено.
2.
Површината не е соодветна за готвење без
масло бидејќи ова може да предизвика
лупење на емајлираната површина.
Погрижете се дното да е целосно покриено.
3.
Внимавајте да не додавате состојки од кои
може да се цеди вода во врелото масло
бидејќи ова може да предизвика прскање на
маслото.
4.
Садовите за готвење од лиено железо ја
задржуваат топлината многу добро. Поради
ова, доволно е готвењето и печењето да се
одвива на средни температури.
5.
Не гответе на високи температури кога го
користите овој сад.
6.
Светлата
емајлирана
површина
во
внатрешноста на садот за готвење е
особено соодветна за бавно готвење на
ниска до средна температура или на грејна
плоча или во рерна.
7.
Капакот е дизајниран така што пареата
кондензира за време на готвењето и се
распределува подеднакво низ целата
површина на храната. Оттука, храната ќе
остане свежа и ќе ги задржи природните
вкусови и арома.
Содержание CWCI 24R
Страница 9: ...9 1 2 3 4 5 6 7 8 9 240 C 10 11 12 13 14 1 2 3 1 2 3 4 5 6 7...
Страница 10: ...10 1 2 2 3 3 4 1 2 3 4 5 2 02 3299111...
Страница 25: ...25 BG 1 2 3 4 5 6 7 8 9 240 C 10 11 12 13 14 1 2 3 1 2 3 4 5 6 7 1 2 2 3...
Страница 26: ...26 3 4 1 2 3 4 5 2 Gorenje 03 8997000 Gorenje Gorenje GORENJE...
Страница 27: ...27 1 2 3 4 5 6 7 8 9 240 C 10 11 12 13 14 1 2 3 1 2 3 4 5 6 7 1 2...
Страница 28: ...28 2 3 3 4 1 2 3 4 5 2 Gorenje Gorenje Gorenje Gorenje 0 800 300 024 GORENJE...
Страница 29: ...29 RU 1 2 3 4 5 6 7 8 9 240 10 11 12 13 14 1 2 3 1 2 3 4 5 6 7 1...
Страница 30: ...30 2 3 4 1 2 3 4 5 2 Gorenje 03 8997000 Gorenje Gorenje GORENJE 119180 4 1 17040001...