75
По приклучувањето на топлинската пумпа на електричниот напон на мониторот,
најпрвин се прикажуваат сервисните ознаки, а потоа приказот на температурата.
Доколку температурата на водата во бојлерот е пониска од подесената, топлинската
пумпа се вклучува автоматски (светли контролната сијаличка 3). Доколку сакате да го
исклучите работењето на топлинската пумпа, притиснете го копчето 1 (прибл. 2
секунди). Топлинската пумпа се исклучува, а на мониторот се прикажува ознаката
ИСКЛ.
Вклучување на топлинската пумпа
Притиснете го копчето 1, и притоа држете го притиснато прибл. 2 секунди. На
мониторот се прикажува моменталната температура на водата во бојлерот, а потоа
се вклучува контролната сијаличка 3.
Подесување на температурата
Притиснете го и отпуштете ги копчињата 6 или 7. Покрај притиснатото копче, на
мониторот се прикажува ознаката °C. Сега, можете да ја подесите саканата
температура. Со копчето 7 ја намалувате, а со копчето 6 ја зголемувате подесената
температура. По завршувањето на подесувањето, ознаката на мониторот почнува да
трепери. По осум трепкања, подесена е нова вредност на температурата, а
мониторот ја прикажува температурата на водата во бојлерот.
При изведби на топлински пумпи со вграден термометар, истиот ја прикажува
температурата на местото на врадување, додека мониторот на топлинската пумпа ја
прикажува водата во долниот дел од бојлерот. Затоа, овие две температури можат
меѓусебно да се разликуваат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
доколку топлинската пумпа работи надвор од
температурното подрачје на работењето, може да дојде до замрзнување на
испарувачот. Тогаш, топлинската пумпа се исклучува, а на мониторот се покажува
ознаката tLo. По исклучувањето, работењето е прекинато с додека испарувачот не
се одмрзне.
Антилегионелна програма
Вашата топлинска пумпа е опремена со систем за термичка дезинфекција, за
спречување од појава на легионели. Овој систем вклучува функција за греење на
вода со висока температура, а водата во бојлерот повремено ја загрева на 65 °C.
Системот работи нормално, автоматски, и тоа така што на секои 14 дена (додека
топлинската пумпа е вклучена!) го вклучува греењето на водата со висока
температура. Кога водата во бојлерот ја достигнува температурата од 65 °C,
греењето се исклучува до висока температура.
Греењето до висока температура можете да го вклучите и рачно, со притискање на
копчето 2 (прибл. 5 секунди). Мониторот наизменично ги прикажува температурата
на водата во бојлерот и ознаката LEG. Кога водата во бојлерот ја достига
температурата од 65 °C, топлинската пумпа се вклучува на нормално работење.
MK
Содержание TC 200-1/ZBR
Страница 1: ...TC 200 300 ZBR ...
Страница 120: ...07 2013 408739 ...