MK - 23
• Не употребувајте продолжеток-
адаптер.
• Овој апарат е дизајниран за употреба
од страна на возрасни лица. Не
дозволувајте деца да си играат со
апаратот или да се качуваат на
вратата.
• Никогаш не допирајте го кабелот за
напојување / штекерот со влажни раце.
Ова може да предизвика краток спој
или електричен удар.
• Не ставајте експлозивен или запалив
материјал во ладилникот. Пијалаците
со голема содржина на алкохол
ставете ги вертикално во преградата
на ладилникот и погрижете се да бидат
добро затворени.
Стари и расипани ладилници
• Ако стариот ладилник или замрзнувач
има брава, скршете ја или извадете
ја пред да го фрлите бидејќи децата
може да се заглават внатре и да се
предизвика несреќа.
• Старите ладилници и замрзнувачи
содржат материјал за изолација и
средство за ладење со CFC. Затоа,
внимавајте да не и наштетите
животната средина кога ги фрлате
старите ладилници.
CE Декларација за сообразност
Изјавуваме дека нашите производи
ги исполнуваат важечките европски
директиви, одлуки и прописи и барањата
наведени во наведените стандарди.
Одлагање на стариот апарат
Симболот на производот
или на амбалажата посочува
дека овој производ може
да не се третира како куќен
отпад. Наместо тоа, ќе биде
предаден во соодветното собирно
место за рециклирање на електрична
и електронска опрема Со правилно
одлагање на овој производ ќе помогнете
во спречување на потенцијални
негативни последици по животната
средина и здравјето на луѓето, кои
во спротивно би можеле да настанат
поради несоодветно ракување со
отпадот од овој производ. За подетални
информации околу рециклирањето на
овој производ обратете се во локалната
градска канцеларија, службата за
изнесување отпад од домаќинства
или во продавницата каде што сте го
набавиле производот.
Амбалажа и животна средина
Амбалажните материјали ја
штитат машината од оштети
кои може да настанат при
транспорт. Амбалажните
материјали се еколошки прифатливи,
бидејќи може да се рециклираат.
Употребата на рециклиран материјал ја
намалува потрошувачката на суровини,
а со тоа се намалува и производството
на отпад.
Забелешки:
• Внимателно прочитајте го упатството
за работа пред да го поставите и
користите производот. Не одговараме
за штети настанати заради погрешна
употреба.
• Следете ги упатствата за апаратот
и упатството за работа и чувајте го
истото на безбедно место за да ги
решите проблемите што може да се
појават во иднина.
• Овој производ е произведен да се
користи во домашни услови и може
единствено да се користи во домашни
услови и за специфични намени.
Не е наменет за комерцијална или
заедничка употреба. Таквата употреба
ја отфрла гаранцијата и нашата
компанија нема да биде одговорна за
причинетите загуби.
• Овој апарат е произведен да се
користи во домашни услови и е
соодветен за ладење / чување храна.
Не е соодветен за комерцијална или
заедничка употреба и/или за чување
разни предмети освен храна. Нашата
компанија не сноси одговорност за
каква било оштета предизвикана од
несоодветна употреба на апаратот.
Содержание L 1002
Страница 66: ...52366198 ...