45
-
При чистење на површина на вратата, или внатрешноста, користете слаби, неабразивни
средства со сунѓер или мека крпа.
-Печката мора да се чисти редовно и да се отстрануваат наслагите од храна
;
-Доколку печката не се одржува редовно чиста може да дојде до оштетување на
површината и да влијае на трајноста и на работата
;
-Доколку е оштетен кабелот, мора да се замени со нов од страна на производителот,
овластениот дилер или квалификувано лице за да не дојде до опасност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ОПШТА УПОТРЕБА
Подолу се наведени правила кои треба да ги следите за безбедна работа на печката:
1.Стаклениот послужавник, тркалцата, склопката и лежиштето треба секогаш да се на
место кога работи печката..
2.Печката смее да се користи само за подготовка на храна, не смее да се користи за
сушење облека, хартија или други непрехрабени производи, ниту пак за стерилизација.
3.Печката не смее да се вклучува кога е празна бидејќи може да дојде до оштетување.
4.Не користете ја печката за чување предмети, како што се списанија, готварски книги и
слично.
5.Не загревајте храна која има мембрана, како што се жолчки од јајца, компири, пилешки
џигер без претходно да се боцнат на неколку места со виљушка.
6.Не ставајте предмети во отворите на надворешната кутија.
7.Не отстранувајте делови од печката како што се ногарки, навртки слично.
8.Не ставајте храна директно на стаклениот послужавник. Храната треба да се стави во
соодветен сад.
9.ВАЖНО- САДОВИ КОИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ВО МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
Не користете метални тавчиња или садови со метални рачки. Не користете садови со
метален раб или украс.
Не користете пластични кеси со рачки од жица обложени со хартија.
Не користете садови од меламин бидејќи содржат материјал која ја апсорбира
микробрановата енергија, може да дојде до напукнување на садовите и да се забави
процесот на готвење.
Не користете производи од Centura Tableware. Глазурата на приборот не одговара за
употреба во микробранова печка. Производите од Corelle Livingware со рачки не треба
исто така да се користат.
Не загревајте храна во садови кои имаат тесно грло како што се шишиња, шишенца за
салата бидејќи може да пукнат доколку се загреваат во микробранова печка.
.Не користете обични термометри за месо или колачиња. Постојат посебни термометри
кои одговараат за готвење во микробранова печка. Ваквите термометри може да се
користат.
10.Приборот соодветен за микробранова печка треба да се користи во согласност со
упатствата на производителот.
11.Во печката не смее да се пржи храна.
12.Печката ги загрева само течностите а не садот. Затоа и покрај тоа што садот не е
жежок на допир кога ќе се извади од печката, течноста или храната ќе биде загреана
како и при нормално готвење.
13.Секогаш сами проверете ја температурата на храната особено ако загревате храна
или течности за бебиња. Се препорачува храната/течностите да не се консумираат
веднаш откако ќе ги извадите од печката, туку оставете нека постојат неколку минути, за
да не распредели топлината еднакво.
MK