•
Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена
четка мора да се прави при брзини кои не се
поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи
оштетувањето на четката и на вашиот материјал.
•
Дрвото треба да се сече со висок број на вртежи.
•
Железото или челикот треба да се сечат со висок
број на вртежи.
•
Доколку ножот од брзорезен челик почне да
вибрира, тоа обично значи дека работи со премал
број на вртежи.
•
Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и
калај може да се сечат при различни брзини,
во зависност од видот на сечењето. Користете
парафин (не вода) или друго соодветно средство за
подмачкување на ножот, за да спречите сечениот
материјал да се лепи на запците од ножот.
НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате
притисокот врз алатот ако алатот не работи
исправно. Обидете се со друг прибор или со
подесување на друга брзина за да го постигнете
саканиот резултат.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
!
ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ
СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. ПРЕВЕНТИВНОТО
ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА
МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО
ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И
КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА
СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ.
Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух.
Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите
алатките со компримиран водух.
!
ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ
СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ
АЛАТ И/ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА
Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се
одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се
да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ
отворите.
!
ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И
РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ
ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ.
Некои од нив се: бензин,
јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење,
амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат
амонијак.
СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати
да се врши во сервисите на Dremel.
Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со
одредбите пропишани со закон/специфични за земјата;
оштетувањата поради нормалното користење и абење,
преоптоварување или непрописно користење се
изземени од гаранцијата.
Во случај на рекламација, алатот и/или полначот
испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена
состојба, заедно со доказот за купување.
КОНТАКТ СО DREMEL
За повеќе информации во врска со сервисирањето и
гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка
и телефонски број посетете нè на www.dremel.com.
•
Доколку забележите дека приборот се лизга од
стезната глава, со помош на EZ Twist капчето или
клуч затегнете ја стезната глава околу бургијата.
Доколку и понатаму доаѓа до лизгање, обидете се
со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
•
Стегите на главата за стегање може да се изместат
поради што додатокот веќе не се врти правилно и
концентрично (фрла).
За повторно да ги наместите стегите, следете ги
следните чекори:
1.
Извадете го приборот од стезната глава.
2.
Исчистете ја главата за стегање.
3.
Притиснете на копчето за заклучување на
осовината и затегнувајте ја стезната глава сè
додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
4.
Силно притиснете го крајот на стезната глава врз
тврда рамна површина и проверете дали стегите се
поставени аксијално.
5.
Продолжете рачно да ја затегате стезната глава сè
додека стегите не се затворат целосно.
6.
Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го
приборот сосема право.
7.
Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има
некакво фрлање. Доколку очигледно има некакво
изместување, повторете ја постапката.
8.
Кога осовината е заклучена, затегнете ја
стезната глава со помош на EZ Twist капче или
клуч за приборот да се постави на место.
9. Завртете го алатот на најмала брзина и проверете
дали има некакво изместување. Доколку очигледно
има некакво изместување, проверете дали приборот
е поставен право, па повторете ја постапката.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде
во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на
Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање
на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната
чаура и завртете го приборот или стезната чаура за
1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и
вклучете го ротациониот алат.
Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба
да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано.
Продолжете со ваквото дотерување сè додека не го
постигнете најдобриот баланс.
ДОДАТОЦИ
Dremel алатката може да е опремена со DREMEL
додатоци. Списокот за компатибилност ќе го пронајдете
на страница 8.
НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се
наведени погоре доаѓаат како стандардна опрема на
алатите/комплетите
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот
алат е да го „почувствувате“ в рака. Земете го в рака и
проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте
го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот
да го држите како пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од
материјалот за да видите како работи алатот
при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот
мултифункционален алат најдобро ќе работи при
дозволена брзина, во комбинација со исправниот
Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте
да го притискате алатот за време на користењето.
Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор
на работната површина на местото на което сакате да
почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот
да го водите по работното парче користејќи многу мал
притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја
изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот
во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа
со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува
најдобра контрола и ја смалува можноста од правење
грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана од
Вашето лице. Приборот може да се оштети за време
на ракувањето и може да се распадне на парчиња
при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги
покривате отворите за вентилација. Блокирањето
на отворите за вентилација може да предизвика
прегревање на моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи држете го
мултифункционалниот алат во раката како пенкало
помеѓу палецот и показалецот.
A
q
Методата на држење дршка за „голф“ се користи за
потешки операции, какви што се брусење или сечење.
A
a
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Алатот се вклучува („ON“) со помош на лизгачки
прекинувач кој се наоѓа на горната страна од куќиштето
на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ поместете го копчето за
прекинувач нагоре во положба 1, 2, 3 или 4.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ поместете го копчето
надолу во положба „0“.
ЛИЗГАЧКИ ПРЕКЛОПНИК СО ПЕТ ПОЗИЦИИ
A
s
Вашиот алат е опремен со преклопник со пет позиции.
Брзината може да се поставува во текот на
работењето, со лизгање на преклопникот нагоре или
надолу помеѓу која било од поставките.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид
работа, користете парче од материјалот за вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ
A
s
Погледнете ја табелата на стр. 8-9 за да ја одредите
соодветната брзина за материјалот на кој ќе работите и
додатокот што ќе го користите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки.
Повеќето операции можат да се извршат ако алатот
го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни
материјали (некои видови пластика и метали) можат
да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува
топлина, и мораат да се обработуваат со релативно
мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./
мин. или помалку) обично е најдобро за полирање
со прибор за полирање со филц. Сите работи на
четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите
испаѓање на парчиња жица од лежиштето на четката.
Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас
кога користите помала брзина. Повисоките брзини се
посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за
дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување
жлебови во дрво.
Некои упатства во врска со брзината на алатот:
•
Пластиката и останатите материјали кои се топат
на ниски температури, треба да се режат при ниски
брзини.
182
Содержание Lite 7760
Страница 4: ...4 A M N O B C D E G L H J I K F 7 1 2 3 4 5 6 ...
Страница 5: ...h h MAX 1 2 h 8 G C C O A hmax 45 mm A B P C D 5 ...
Страница 6: ...A q A a 7 8 A s 0 OFF 1 8 000 RPM 2 14 000 RPM 3 21 000 RPM 4 25 000 RPM 9 6 ...
Страница 7: ...7 932 407 576 577 ...
Страница 196: ...All Rights Reserved Bosch Power Tools B V Konijnenberg 60 4825 BD Breda The Netherlands 2610Z10144 2610Z10144 07 2019 ...