секогаш нека биде безбедно прицврстено.
Овие
шајбни ќе се заглават ако се ставени лабаво
во жлебот и може да има повратен удар. Ако
шајбната за сечење се заглави, самата шајбна
обично ќе се скрши. Кога ротациската турпија,
високобрзинскиот секач или секачот од волфрам
или од тврд метал ќе се заглават, тие можат да
испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите
контролата над алатката.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО
БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ
a.
Користете само шајбни кои се препорачани за
Вашиот електричен алат и само за препорачани
намени. На пример: немојте да брусите со
бочната страна од брусната плоча.
Абразивните
плочи за сечење се предвидени за периферно
брусење, а бочната примена на сила врз брусната
плоча може да предизвика тие да се се скршат.
b.
За навојни абразивни конуси и приклучоци
користете само неоштетени шајбни со осовинки
со необработени прирабници кои се со исправна
големина и должина.
Исправните осовинки ќе ја
намалат можноста за кршење.
c.
Избегнувајте да ја заглавувате плочата за
сечење или да применувате премногу голем
притисок. Не обидувајте се да правите премногу
длабоко сечење.
Преоптоварувањето на
брусната плоча го зголемува напрегањето и
уште повеќе ја искривува или блокира плочата,
како и можноста за повратен удар или кршење на
плочата.
d.
Не доведувајте го Вашето тело во положба пред
или зад ротирачката шајбна плоча.
Ако плочата
на местото на работење се движи од Вашето
тело нанапред, во случај на повратен удар,
електричниот алат со ротирачката шајбна може
да отскокне директно кон Вас.
e.
Ако брусната плоча се заглави и иако од
било која причина престанете со работата,
исклучете го алатот и држете го мирно сè додека
брусната плоча целосно не се смири. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите плочата за
сечење од работното парче додека брусната
плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно
може да дојде до повратен удар.
Проверете и
отстранете ја причината за заглавување или
блокирање на шајбната.
f.
Немојте повторно да го вклучувате алатот за
сечење додека тој се наоѓа во работното парче.
Брусната плоча нека ја достигне својата полна
брзина и потоа внимателно продолжете со
сечењето.
Брусната плоча може да се заглави,
да отскокне или да предизвика повратен удар
доколку алатот повторно се вклучи додека е на
работното парче.
g.
Потпрете ги плочите или големите работни
парчиња за да го намалите ризикот од
блокирање на брусната плоча и од повратен
удар.
Големите работни парчиња можат да се
свиткаат под својата сопствена тежина. Мора
да се стават потпирки под работното парче во
близина на работ на работното парче од двете
страни на брусната плоча.
h.
Бидете посебно претпазливи кога правите
засечување во веќе постоечките ѕидови или во
некои други непрегледни подрачја.
Плочите за
сечење можат да ги пресечат гасоводните или
водоводните цевки, електричните инсталации
или некои други предмети и така да предизвикаат
повратен удар.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО
ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ
a.
Имајте предвид дека жичените четки и во текот
на вообичаената употреба губат парчиња од
жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со
прекумерно притискање врз четката.
Парченцата
од жица можат лесно да продрат низ тенката
облека и/или да продрат до кожата.
b.
Дозволете ù на четкичката да работи со работна
брзина барем една минута пред да ја користите.
За ова време, никој не треба да стои пред или
покрај четкичката.
При ова воведно стартување,
ќе бидат исфрлени лабавите влакна или жички.
c.
Отпадоците од ротирачката жичена четка
насочете ги спротивно од Вас.
Малите
честички и ситните делчиња од жицата може
да бидат исфрлени под голема брзина за време
на употребата на овие четки и може да Ви се
забоднат во кожата.
d.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки
!
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО
СОДРЖАТ АЗБЕСТ (азбестот се смета за
канцероген)
!
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ
НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е
ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ
ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за
канцерогени); носете заштитна маска против прашина
и користете правосмукалка за отпадоци, ако може да
се приклучи
СПЕЦИФИКАЦИИ
Број на моделот
7760
Напон
3,6 V
Брзина
25,000/min
Капацитет на чаурата
за стегање
∅
3,2 mm
Макс. додаток
∅
38,1 mm
Капацитет на батеријата 2.0 Ah
Тежина
0,27 kg
ПОЛНАЧ
Влез
100-240 Vac, 50/60 Hz, 150 mA
Излез
5,0 Vdc, 1,0 A
Тежина
0,1 kg
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот
што е наведен на плочката од полначот.
ОПШТО
7
A.
Навртка на стезната чаура
B.
Стезна чаура
C.
EZ Twist со интегриран клуч/капаче
D.
Осовина на алатката
E.
Изолирана површина за држење
F.
Отвори за вентилирање
G.
Копче за заклучување на осовината
H.
Прекинувач за вклучување/исклучување и бирање
брзина
I.
Индикатор за наполнета батерија
J.
Micro USB порта
K.
Капаче за Micro USB порта
L.
Преден дел со навој
M.
USB кабел
N.
Адаптер за напојување (или „полнач“)*
Лабавите делови за подесување можат
неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат
губење на контролата, а слободно ротирачките
компоненти сосила ќе бидат исфрлени.
o.
Никогаш не вклучувајте го електричниот алат
додека го носите.
Случајниот контакт со
ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати
облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви
се зарие во телото.
p.
Редовно чистете ги отворите за вентилација
на Вашиот електричен алат.
Вентилаторот
на моторот ја привлекува прашината во
внатрешноста на куќиштето, и прекумерното
насобирање на метален прав може да предизвика
електрична опасност.
q.
Немојте да ракувате со електричниот алат во
близина на запалливи материи.
Искрите би
можеле да ги запалат тие материјали.
r.
Немојте да користите прибор кој изискува течни
средства за ладење.
Користењето вода или
други течности за ладење може да предизвика
електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради
блокирана или заглавена брусна плоча, брусна
лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето
или блокирањето предизвикува брзо придушување
на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува
неконтролираната електрична алатка да биде
присилена во правец спротивен од правецот на вртење
на приборот.
На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави
во некое работно парче, работ на брусната плоча која
се заглавила во работното парче може да се зарие во
површината на материјалот и да предизвика испаѓање
на плочата или повратен удар. Брусната плоча може
да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот,
зависно од правецот на вртење на брусната плоча на
местото на блокирање. Брусната плоча може и да се
искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна употреба
на електричниот алат и/или неисправно работење
или услови, и може да се избегне ако се преземат
соодветните долунаведени мерки на претпазливост.
a.
Електричниот алат држете го цврсто и Вашето
тело нека биде во положба во која е во состојба
да им се спротивстави на силите на повратниот
удар.
Оператерот може да го контролира
повратниот удар доколку се преземат исправни
мерки на претпазливост.
b.
Бидете посебно внимателни кога работите на
агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање
или блокирање на приборот.
Аглите, острите
рабови или одбивањето на приборот доведуваат
до блокирање на ротациониот прибор и тоа
може да предизвика губење на контролата или
повратен удар.
c.
Немојте да приклучувате лист од назабена
пила.
Таквите продолжетоци честопати
предизвикуваат повратен удар и доведуваат до
губење на контролата.
d.
Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во
истиот правец како остриот крај кој излегува
од материјалот (кое е во истиот правец во кој
паѓаат отпадните иверки).
Ако алатот врти во
погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот крај
од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече
алатот во овој правец.
e.
Кога користите ротациона пила, шајбни за
сечење, високобрзински секачи или секачи од
волфрам и тврд метал, обработуваното парче
179
Содержание Lite 7760
Страница 4: ...4 A M N O B C D E G L H J I K F 7 1 2 3 4 5 6 ...
Страница 5: ...h h MAX 1 2 h 8 G C C O A hmax 45 mm A B P C D 5 ...
Страница 6: ...A q A a 7 8 A s 0 OFF 1 8 000 RPM 2 14 000 RPM 3 21 000 RPM 4 25 000 RPM 9 6 ...
Страница 7: ...7 932 407 576 577 ...
Страница 196: ...All Rights Reserved Bosch Power Tools B V Konijnenberg 60 4825 BD Breda The Netherlands 2610Z10144 2610Z10144 07 2019 ...