96
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX-Connect, може да се остави во
долниот дел на седиштето.
💡
Кога користите ISOFIX-Connect, се создава врска со возилото што
ја зголемува безбедноста на детето. Сепак, детето треба да се врзи
со каишот со три точки за фиксирање на возилото и заштитникот за
Групата 1.
💡
Ако линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) претставува
пречка за вратата на автомобилот или ако влијае врз просторот
на патничкото седиште, можете да ја отстраните така што ќе го
притиснете горниот и долниот дел на елементот и ќе го извлечете
од лежиштето на школката на седиштето за автомобил. За да ја
вратите L.S.P. на седиштето, прицврстете ја на означената област
на страничниот дел на седиштето, лизгајте ја благо надолу и
истовремено туркајте ја за да се зацврсти во лежиштето.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ОД ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect
(k)
на двете
страни туркајќи ги копчињата за откочување ISOFIX
(m)
и истовремено
влечејќи ги наназад.
2. Извлечете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX
(o)
.
3. Отстранете го детското седиште и складирајте го ISOFIX-Connect по
спротивен редослед на чекорите за монтирање.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава
(c)
може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на висината на наслонот за глава
(d)
што се наоѓа во
задниот дел на наслонот за глава
(c)
. Приспособете го наслонот за глава
така што максималното растојание меѓу рамениците на детето и наслонот
за глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста)
(c)
.
💡
Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека
седиштето се монтира во автомобилот.
ПРИСПОСОБЛИВ НАСЛОН ЗА ГЛАВА
Приспособливиот наслон за глава
(c)
помага да се спречи опасноста
главата на детето да паѓа нанапред додека спие. Може да се постави
во една од 2 позиции. Туркајте го приспособливиот наслон за глава
(c)
напред сè додека не го поставите во саканата позиција.
💡
Главата на детето секогаш треба да го допира приспособливиот
наслон за глава.
РЕЖИМ ЗА ПРАВИЛНО МОНТИРАЊЕ
Група 1: 9 - 18 кг
Група 2/3 : 15 - 36 кг
Режим за
монтирање
со заштитник
без заштитник
Монтирање
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО ЗАШТИТНИК - ГРУПА 1 (ОД 9 ДО 18 КГ)
1. Поставете го заштитникот
(f)
. Страничните држачи на заштитникот
(f)
одговараат точно на просторот помеѓу потпирачите за раце и
површината за седење на перничето.
2. Извлечете го целиот каиш на седиштето на возилото.
3. Поставете го скутниот каиш преку назначениот жлеб за водење на
каишот на заштитникот
(g)
4. Прицврстете го каишот на седиштето на возилото во закопчувалката.
Мора да го прицврстите добро и да го слушнете карактеристичниот
звук.
5. Затегнете го скутниот каиш влечејќи го каишот за рамо наназад.
6. Влечете го каишот за рамо паралелно на скутниот каиш назад
во жлебот за водење на каиш
(g)
и затегнете го каишот за рамо.
Обезбедете дека двата дела на каишот ја покриваат целата ширина на
заштитникот
(f)
во жлебот за водење на каиш
(g)
.
7. Затегнете го добро каишот за рамо низ жлебот за водење на каишот на
заштитникот
(g)
сè додека не се прицврсти во водилката на каишот.
8. Ставете го каишот за рамо помеѓу наслонот за глава
(c)
и наслонот за
грб
(b)
. Каишот за рамо не мора да минува низ водилката на каишот
за рамо
(i)
.
MK