вашите деца. Не дозволувајте децата да си играат со уредот, исто така не
дозволувајте деца или лица кои не се запознаени со уредот да го користат.
5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред може да биде користен од страна на деца над 8
години и лица со ограничена физичка можност, лица со ограничени допирни или
ментални способности, или лица со недостаток на искуство и кои што не се запознаени
со уредот, доколку тоа се прави под надзор на лице кое е одговорно за нивната
безбедност или им биле претходно доделени совети за безбедно користење на уредот
и се свесни за опасностите поврзани со неговата употреба. Децата не треба да си
играат со уредот. Чистењето и одржувањето на уредот не треба да биде извршувано
од страна на деца, освен ако не се постари од 8 години и дејсвијата се извршуваат под
надзор на полнолетни лица.
6. Кога ќе завршите со употребата на уредот, извадете го приклучокот од штекерот со
држење на штекерот со раката. НЕ влечете го кабелот за напојување.
7. Да не се потопува кабелот, приклучокот и целиот уред во вода или друга течност.
Уредот да не се изложува на атмосферски услови (дожд, сонце, итн.) или да не се
употребува во услови на висока влажност (бањи, влажни кампнинг куќи).
8. Периодично проверувајте ја состојбата на кабелот за напојување. Ако кабелот за
напојување е оштетен, треба да го замените во специјализиран сервис за да избегнете
опасност.
9. Уредот не треба да биде користен со оштетен кабел за напојување или ако уредот
паднал или е оштетен на кој било друг начин или не работи правилно. Не треба сами
да го поправате уредот, бидејќи тоа може да предизвика струен удар. Однесете го
оштетениот апарат во соодветен сервисен центар за проверка или поправка. Сите
поправки може да бидат извршувани само од страна на овластени сервисни места.
Неправилно извршената поправка може да предизвика сериозна опасност за
корисникот.
10. Ставете го уредот на ладна, стабилна и рамна површина, подалеку од уреди кои
што се загреваат како на пример: електричен шпорет, плинска печка и слично.
11. Уредот да не се користи во близина на запаливи материјали.
12. Кабелот за напојување не може да виси над работ на масата или да допира топли
површини.
13. Не оставајте го уредот или адаптерот вклучен во штекер без надзор.
14. За осигурување на дополнителна заштита, препорачливо е да се инсталира уред
(RCD) со номинална резидуална струја во електричното коло не поголема од 30 mA.
Во овој случај, ве молиме контактирајте се со електричар.
15.Уредот не е наменет да работи со надворешни прекинувачи со тајмер или посебни
далечински управувачки системи.
16.Уредот заедно со кабелот за поврзување треба да се чуваат подалеку од дофат на
деца на возраст под 8 години.
17.Не ставајте во уредот производи кои не се изладени до собна температура.
18.Не поместувајте го уредот додека работи.
19.Уредот може да се полни со 0,7 литри течности, но не повеќе од нивото на
индикаторот ставен во внатрешноста на уредот. Во уредот можете да турате течни
млечни производи, вода или овошни сокови.
20.Времето на подготовка на сладоледите зависи од надворешната температура,
температурата на употребените состојки и нивната количина.
ОПИС НА УРЕДОТ
1.
Капак
2.
Заштитник
3.
Мотор
4.
Копче за заклучување на капакот
5.
Мешалка
6.
Кутија
7.
Комора за мешање
8.
Отвори за вентилација
9.
Напојувач
10.
Контролен панел со копчиња
УПОТРЕБА
1. Пред употреба, измијте ја внатрешноста на уредот и капакот.
34
Содержание CR 4481
Страница 2: ......