31
Паметната светилка (3) свети додека е
вклучен апаратот. Тоа овозможува подобра
видливост на тенките влакна или кожата.
За менување на додатоците, притиснете го
копчето за ослободување (6). Отстранете го
додатокот и наместете го другиот.
I Епилација
(електрична депилација)
Совети за епилација
Ако претходно не сте користеле епилатор или
ако не сте се епилирале подолг период на
време, може да е потребно малку време за
кожата да се навикне на електричната депила-
ција. Непријатноста што ќе ја почуствувате
на почетокот значително се намалува со
зачестената употреба со тоа што кожата се
навикнува на процесот.
Кога се епилирате за прв пат, препорачливо е
да го направите тоа навечер, така што можното
црвенило да се изгуби во текот на ноќта.
За да ја отпуштите кожата Ви препорачуваме
употреба на навлажнувачки крем по
епилацијата.
Епилацијата е полесна и попријатна кога
должината на влакната е помеѓу 0,5–5 мм.
Кога влакната се подолги се препорачува прво
да се избричат, а потоа да се остават да пора-
снат најмалку до 0,5 мм.
Употреба на сува површина: Вашата кожа
мора да е сува, без слоеви на крем и лосиони.
Употреба на влажна површина: Погрижете се
Вашата кожа да е добро навлажнета за да се
постигнат најдобри услови за лизгање на
апаратот.
Како да се епилирате
Погрижете се главата за епилација (2) да е
поставена и надополнета со високофрек-
вентниот систем за масажа (1) или едно од
капачињата (8, 9).
A Изберете ја брзината «I» за нежна епилација,
а брзината «II» за ефикасна епилација.
B Секогаш истегнете ја кожата за време на
епилацијата. Погрижете се површината за
епилација да биде во близок контакт со
кожата.
Со бавни, постојани движења без притис-
кање насочувајте го апаратот спротивно
од растењето на влакната, во насока на
прекинувачот. Бидејќи кожата може да расте
во различни насоки, за најдобри резултати
апаратот движете го во различни насоки.
Високофреквентниот систем за масажа
обезбедува најдобро отпуштање на кожата
за време на епилацијата.
C
Епилација на нозете
Епилирајте ги нозете од долниот дел нагоре.
Кога епилирате зад коленото, истегнете ја
ногата.
D
Епилација на површината под пазувите и
препоните
Капачето за осетливи области (8) е направено
за оваа употреба како изборен додаток за
главата за епилација (2). Овие области се
многу осетливи на болка особено за време
на првата употреба. Затоа, Ви препорачу-
ваме да ја изберете брзината «I» за време
на првите неколку епилации.
Со зачестена употреба болката ќе исчезне.
За попријатна епилација, погрижете се
влакната да имаат должина помеѓу 0,5–5 мм.
Пред епилација, темелно измијте ја оваа
област и отстранете ги од неа сите остатоци
(како дезодоранси). Потоа внимателно впијте
ја влагата со крпа. За време на епилацијата
на областа под пазувите, испружете ја раката
нагоре и движете го апаратот во различни
насоки. Бидејќи кожата може да е поосетлива
по епилација, избегнувајте употреба на
супстанции што може да ја иритираат како
што се дезодорансите што содржат алкохол.
E
Епилација на лицето
За отстранување на несаканите влакна од
лицето или други осетливи области, корис-
тете го капачето за лице (9) како изборен
додаток за главата за епилација (2).
За време на првите неколку употреби, Ви
препорачуваме да ја изберете брзината «I» за
да се навикнете на епилацијата на осетливи
места.
Пред епилација, Ви препорачуваме темелно
да ја исчистите кожата со лосион за дезин-
фекција што содржи алкохол. Кога го епили-
рате лицето, истегнете ја кожата со едната
рака и бавно движете го епилаторот со дру-
гата во насока на прекинувачот.
F
Чистење на додатокот за епилација
1 Чистење со четка за чистење (12):
Отстранете го капачето и исчистете го со
четката. Темелно исчистете ги пинцетите од
задната страна на епилаторот со четка која
е натопена во алкохол. Додека го правите
тоа, рачно свртете го елементот. Овој метод
на чистење обезбедува најдобри хигиенски
услови за главата за епилација.
1 Чистење со вода:
По секоја употреба на влажна површина,
измијте го апаратот под чешма. Отстранете
го капачето и држете го апаратот под жешка
вода. Потоа притиснете го копчето за ослобо-
дување (6) за да го извадите додатокот за
епилација. Истресете го вишокот вода од
апаратот и од главата за епилација и оста-
вете ги двата дела сосема да се исушат
пред да ги склопите повторно.
Содержание Silk-epil 7 7951 Spa
Страница 2: ...Type 5377 www braun com 7 Silk pil SkinSpa 7951 Spa...
Страница 31: ...31 3 6 I 0 5 5 0 5 2 1 8 9 A I II B C D 8 2 I 0 5 5 E 9 2 I F 1 12 1 6...
Страница 33: ...33 e 1 11a 2 12 11d D1 11d D2 3 E E 11d 90 1 90 2 Braun www service braun com j Braun 2 Braun Braun Braun...
Страница 35: ...35 5 8 0 4a 4 I II Smart light 3 6 10 11 I 0 5 5 0 5 2 1 8 9 A I II B C D 8 2 I 0 5 5 E 9 2 I F 1 12...
Страница 36: ...36 2 6 36 Silk pil II 10a 3000 4 10a 10 A I II B 1 2 C 10b D 10a 12 Braun www service braun com III 11 II...
Страница 38: ...38 BRAUN BRAUN BRAUN BRAUN BRAUN 2300 1 7 02 1992 BRAUN BRAUN BRAUN BRAUN 8 800 200 20 20...
Страница 40: ...40 0 4a 4 I II Smart light 3 6 10 11 I 0 5 5 0 5 2 1 8 9 A I II B C D 8 2 I 0 5 5 E 9 2 I F 1 12 2 6...
Страница 43: ...43 i i aun r un i i i i i i i i i i i i i i 0 800 505 000 www service braun com...
Страница 44: ...44...
Страница 45: ...45...
Страница 46: ...46...
Страница 47: ...47...
Страница 48: ...48...
Страница 49: ...49...